СЗО: Бројот на починати од ебола во пораст!
Објавено во: Мои пари 20 Декември, 2014
Бројот на починати од ебола во трите најтешко погодени западноафрички земји е зголемен на 7373 од 19031 пријавени случаи, соопштуваат денеска од Светската здравствена организација.
Аналитичарите наведуваат дека последните податоци, кои се објавени на страницата на СЗО, укажуваат на речиси 500 нови смртни случаи во Гвинеја, Либерија и Сиера Леон во однос на претходниот извештај објавен на 17 декември.
Во Сиера Леон е пријавен најголем број заразени 8759 а во Либерија 7819. Мешѓутоа во Сиера Леон починале 2477 а во Либерија 3346 поради што некои од експертите се посомневале во кредибилитетот на податоците, кои ги дал Фритаун.
Властите во Сиера Леон во почетокот на седмицата покренале голема операција за спречување на ширење епидемија во таа западноафричка земја.
Претседателот на Сиера Леон Ернест Бј Корома во телевизиското обраќање соопштил дека е забрането патување во сите делови на земјата и дека сите јавни собири ќе бидат стриктно контролирани.