СЗО има нова теорија за потеклото на коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Февруари, 2021
Јазовците и зајаците го шират коронавирусот меѓу луѓето, велат од Светската здравствена организација. Ова е нивната нова теорија.
Веруваат дека јазовците и зајаците би можеле да играат важна улога во пренесувањето на новиот коронавирус на луѓето на пазарот во градот Вухан во Кина. Експертите инсистираат на тоа Кина да направи масовно тестирање на своите фарми со ласица откако во Европа е потврдено двонасочно пренесување на вирусот помеѓу луѓето и овие животни. Тимот на СЗО минатата недела ја заврши посетата на Кина. Според нив, мали се шансите дека коронавирусот избегал од лабораторија, односно дека е создаден од човек. Најмалку 2.441.926 лица починале од коронавирус во светот досега.
Претставничката на СЗО, Марија ван Керкове, оцени дека не е време за опуштање пред пандемијата, иако бројот на новозаболени лица опаѓа низ целиот свет и е најниска стапка на инциденца од средината на октомври 2020 година. foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.