СЗО од грешка во грешка: Излечените ќе развијат антитела кои ќе ги штитат, излечените нема да бидат заштитетни од нова инфекција
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Април, 2020 07:05
Светската здравствена организација
го исправи своето сопствено предупредување. Имено, некои земји овие денови
најавија издавање на т.н. „имунитетни пасоши“, односно сертификати за
непостоење на ризик од заразата со корона вирусот, за луѓе кои се избориле со
болеста. Но, потоа СЗО предупреди дека нема докази дека оние кои го прележале
Ковид-19, и имаат антитела на вирусот, се заштитени од нова инфекција.
Откако СЗО, на својот профил на Твитер напиша вакво предупредување, веднаш потоа организацијата сама себе се корегираше, па во нов Твит наведе дека се очекува поголемиот број зарзени да развијат антитела кои ќе помогнат во заштитата.
Многу лош превид СЗО направи и во февруари кога објави дека нема докази за пренесување на вирусот од човек на човек. Нивната објава на Твитер на 14. феруари гласеше вака:
-Прелиминарната истрага која ја спроведоа кинеските власти не пронајде јасни докази за пренесување на новиот корона вирус идентификуван во Вухан, од човек на човек.
Грешките на СЗО најостро ги казни американскиот претседател Доналд Трамп, кој на 15. април привремено го запре финасирањето на организацијата, наведувајќи дека „лошо управува„ со пандемијата на корона вирусот.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




