СЗО СО УШТЕ ЕДНО ЗАСТРАШУВАЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Светот не успева да се справи со пандемијата, до крајот на ОИ ќе умрат уште 100.000 луѓе
Објавено во: Свет 21 Јули, 2021 10:12
Најмалку уште 100.000 луѓе ќе умрат од
корона вирусот на глобално ниво пред крајот на
Олимписките игри, предупреди првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус.
На состанокот на Меѓународниот Олимписки комитет, Тедрос изјави дека „светот не успева“ да се справи со пандемијата и дека секој што мисли дека е готово, живее во „светот на будалите“.
„Повеќе од четири милиони луѓе починаа и уште продолжуваат да умираат. Од почетокот на годинава досега, бројот на смртни случаи е повеќе од двојно поголем од ланскиот “, рече тој.
Истовремено, Тедрос предупреди на закана од поопасен сој од актуелната Делта варијантата.
„Колку е пораспространет, толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат отпорни и на вакцините, и сите ќе се вратиме на почетокот, рече Тедрос.
Што се однесува до тоа кога ќе заврши пандемијата на корона вирусот, првиот човек на СЗО, кусо одговара:
„Пандемијата ќе заврши кога светот ќе избере да и стави крај. Се е во наши раце.Ги имаме сите потребни алатки. Можеме да ја спречиме оваа болест, можеме да ја тестираме и да ја лекуваме.
Смета дека е „застрашувачка неправда“, дека дури 75% од од дозите вакцини на глобално ниво се присутни само во 10 земји.
-Светот треба да произведе 11 милијарди дози следната година и СЗО апелира владите да помогнат да се постигне целта за вакцинирање на 70% од луѓето во секоја земја до средината на следната година, истакна Тедрос.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро





