05 Декември, 2025
0.2129

Македонски телеком ги избра фирмите иноватори

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2013 15:21

Добивај вести на Viber

Македонски телеком денеска ги објави петте избрани идеи на конкурсот „Партнер за иновации“. Наградата за овие проекти кои ќе се реализираат оваа година е во вредност од 100.000 евра. Четири идеи од Македонија се кфалификуваа на кокурсот за партнерство за иновации „Телеком предизвик“ за награда од 500.000 евра во рамките на Дојче телеком групацијата на ниво на цел свет.

Проектите што ги избра „Македонски телеком“ се: „T-Care“ - виртуелна средина за односи со корисници и промоција од далечина, базирана на вештачка интелигенција, од Анис Сефиданоски, „МаркетКонект“, нова македонска веб платформа која ги проширува можностите за онлајн трговија преку директно поврзување на компаниите со потрошувачите на повеќе пазари во регионот, РЗ Инфомеиа ДОО, Скопје, „Smart Wine“, Интегрирано целосно M2M cloud решение за интелигентно следење на земјоделските параметри со користење на безжична сензорска мрежа - Институт за телекомуникации Факултет за електротехника и информациски технологии Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „CollaboDox“ - Систем за соработка со "Microsoft Word" документи помеѓу различни платформи - CREATIONPAL ДОО, Скопје и „Cloud Message“-систем за Augmented Reality базиран на мобилна телефонија за споделување на пораки и рекламирање, Intelligent Network Solutions, ДОО, Скопје.

- На овој натпревар за иновативност се пријавија 78 фирми, за нови идеи и за нешто што ќе го одбележи времето што доаѓа. Избравме пет фирми, идеи и имаме фонд од 100.000 евра што сметаме дека ќе биде добар поттик и една финансиска помош за фирмите своите иновативни идеи да ги преточат во стварност, изјави  главниот извршен директор на „Т-Мобиле Македонија“ Жарко Луковски.

Новиот главен извршен директор на „Македонски телеком АД Скопје“ Тиво Куш, кој стапи на функцијата на 8-ми овој месец, истакна дека иновациите се клучот за успех и одржливост на пазарот, а стратегијата на Телеком групацијата не е само да развива и да нуди сопствени иновации, туку исто така успешно да ги интегрира иновациите од надворешните партнери. -Убеден сум дека заедно можеме да ги понудиме најдобри иновативни комуникациски решенија за поврзан живот и работа, изјави Куш.

На конкурсот што „Дојче телеком“ го објави во март 2013 за партнерство за иновации „Телеком предизвик“ на ниво на групацијата низ целиот свет пријавени се 444 проекти од 45 земји. Од Македонија се пристигнати 38 предлози од кои четири се влезени во финале.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј