06 Октомври, 2024
0.0285

ТАБЕЛА: Дваесетмина домашни акционери кои ќе поделат 1, 5 милиони евра!

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Дваесетмина домашни акционери ќе добијат над 1,5 милиони евра дивиденда од нивните акции во македонските компании чии акции котираат на Официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност, покажа рангирањето на „Фактор.мк“ направено врз основа на официјалните податоци и одлуки од акционерски собранија на овие компании. Прв на ранг листата на акционери според висината на приход од дивиденда е Живко Мукаетов, генералниот директор и најголем поединечен акционер на најголемата македонска фармацевтска компанија „Алкалоид“. Мукаетов за неговите 7,8 отсто од акциите за лани има дивидедна во износ од 340.670 евра. Мукаетов во инвеститорската јавност е познат и по тоа што воведе тренд значаен дел од дивидендата да реинвестира во акции на компанијата со која што раководи. Втор на ранг листата, очекувано, е Доне Таневски долгогодишниот директор на „Македонијатурист“ најголемата домашна хотелиерска компанија. Неговиот приход од дивиденда за лани надминува 235.000 евра. Високо на листата котира и вториот по големина акционер во „Македонијатурист“ – Соња Бибановска која за своите 11 отсто акции доби дивиденда од речиси 138.500 евра. Високо на листата се и двајца акционери на големата македонска компанија за трговија со медикаменти и медицинска опрема „Реплек“. Иван и Славица Туџарови, брат и сестра, наследници на долгогодишниот директор на „Реплек“ инкасираа дивиденди од 145.000 евра односно од 148.000 евра. Високо на листата се уште и доминантниот сопственик на „Прилепска пиварница“ Кирил Самарџиоски кој доби дивиденда од 77.700 евра за неговите 63 отсто од капиталот во најголемата домашно поседувана пиварница. Во горниот дел на листата се уште и двајца долгогодишни и искусни стопанственици: Андреја Јосифовски и Глигорие Гоговски. Првиот од неговите акции во ОИЛКО доби дивиденда од речиси 79.000 евра. Гоговски, познат уште и како претседател на последната влада на Социјалистичка Република Македонија, зема речиси 42.000 евра дивиденда од „Тетекс“ – текстилниот гигант и најпозната текстилна компанија во земјава. Солиден принос има и за децата на долгогодишниот директор и поранешен најголем акционер на „Гранит“ – Страшо Милковски. Синот Зоран и ќерката Ивана добија, како наследници на акциите на таткото, по шеесетина илјади евра дивиденда од најголемата македонска градежна компанија. dividenda

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип