18 Декември, 2025
0.3723

(ТАБЕЛИ) Сите министерства ја подобриле транспарентноста, кај општините води Битола

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2019 14:49

Добивај вести на Viber

Битола е најтранспарентна, додека Пласница е на дното на табелата во отчетноста на општините според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации .

Трета година по ред расте активната транспарентност на министерствата, додека по двегодишниот пад, конечно пораст забележува и активната транспарентност на општините. 

-Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани. Процентот на исполнетост на обврските за проактивно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 56% (од можни 100%) и е зголемен за 12,5 процентни поени во однос на лани (кога просечно изнесуваше 43,5%), констатира истражувањето.

Просечната активна транспарентност на министерствата изнесува 77,6%, додека на општините 51,7%.

-  Битола го задржа севкупното прво место од лани, додека од министерствата, годинава најдобро рангирано е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на второто место. Во однос на регионите, Источниот Регион му го зазеде ланскиот примат на Пелагонискиот Регион, додека Скопскиот Регион падна на последното место.

Најмалку информации, и министерствата и општините, објавуваат за финансиите, и тоа министерствата 57%, а општините само 26% од информациите што треба да ги објавуваат.

Сепак, како и сите години досега, на првото место од сите 97 институции се наоѓа една општина. Наспроти тоа, само општини ги заземаат последните 39 места на ранг-листата. Дури 70 општини ја подобриле својата активна транспарентност, додека 11 ја влошиле. 

Пораст на активната транспарентност има кај сите министерства. Најуспешни, односно министерства со најголемо подобрување на активната транспарентност се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со скок од 23,2 процентни поени, Министерството за транспорт и врски и Владата, со скок од по 22,5 поени, како и Министерството за животна средина и просторно планирање, со скок од 20,2 поени. 

И општините и министерствата најслабо стојат кај активното објавување информации од областа буџетска и фискална транспарентност, каде што од можни 100%, општините исполнуваат само 26% (лани 25%), а министерствата 57% (лани 26%) од обврските за активно објавување информации. 

Дури 86 од 97-те рангирани институции ја подобриле својата активна транспарентност во 2019 година во однос на лани, додека влошување има само кај 11. Најголемо поединечно подобрување има кај Брвеница (за 47,8 поени), Шуто Оризари (за 47,1 проценти поени), Желино (за 46,6 поени) и Валандово ( за 45 поени). Од министерствата, најголем скок има кај Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (за 23,2 поени) и кај Владата (за 22,5 поени). Наспроти ова, институции со најголеми негативни промени се општините Лозово (за 18, 6 поени) и Центар (за 12,1 поени). 


Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка