Тачи: Косово е затвор во срцето на Европа
Објавено во: Балкан 08 Јули, 2015 10:34
Во интервју за германското издание „Der Spiegel“ министерот за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи повика да се прекине изолацијата на неговата земја.
„Моите сонародници можат да патуваат во моментов само до Македонија, Албанија и Турција. Граѓаните гледаат свет, кој е поврзан во мрежа, но тие не можат да имаат корист од неа, иако летот ќе чини малку пари. Тоа е како затвор во срцето на Европа“, коментирал косовскиот министер.
Тачи увери дека оваа балканска држава е опасна за ЕУ, ако остане надвор од Заедницата, а не ако стане нејзин член.
„Изолацијата и неправдата кон Косово го зајакнуваат криминалот и економскиот пад. Косово надвор од Европа е многу опасно, отколку Косово како член на Европа.
„Исламска држава“ веќе се обиде да присвои симпатизери меѓу разочараните граѓани“, алармира министерот за надворешни работи на Косово.
Невработеноста во најмладата балканска држава достигнува импресивни 40% и секој кој доби можност да ја напушти, го прави тоа. Мафијашките врски меѓу бизнисот и политиката ја парализираат републиката. Многумина велат дека изгубиле верба во владата во Приштина и не гледаат иднина во сопствената земја.
„Косово е држава на можностите, но за жал многу прашања остануваат неодговорени. Имаме бакарни и златни рудници, а исто така и други суровини. Но инвеститорите се решаваат бавно“, објаснил Тачи и изразил надеж дека ситуацијата ќе се промени во најскоро време.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




