23 Јануари, 2025
0.0352

Тачи останува претседател на ДПА, барем до локалните избори

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Мендух Тачи и натаму ќе ја води ДПА иако по предвремените парламентарни избори и лошиот резултат со само два освоени пратеника ја најави својата оставка. На денешниот состанок на Централното собрание на ДПА во Тетово, сепак е решено да не се свикува вонреден конгрес на партијата на за избор на нов претседател, а Тачи да ја води партијата до локалните избори.

- Централното собрание донесе тешка одлука да не го свика конгресот. Имам многу волја да се борам со противниците, но немам никаква волја да се борам со моите луѓе. Временскиот контекст е таков што не ми овозможува многу простор. Се наоѓаме на прагот од локалните избори и морално не сакам да играм како некои други лидери. Ако избиравме друг претседател имаше голема можност да се соочи со многу слаб резултат на локалните избори и тоа да се интерпретираше како ефтин политички трик од моја страна. Прифатив да ја водам партијата на овие локални избори убеден дека ќе имаме многу посилен резултат, но заедно направивме еден компромис со Централното собрание да имаме конгрес по локалните избори каде почнувајќи од мојата позиција па до сите други можат да се менуваат во зависност од резултатот што ќе го имаме на локалните избори - изјави Тачи.

Во однос на можното учество и разговори на ДПА со другите политички чинители околу формирањето на Влада Тачи рече дека Централното собрание го овластило да ги почне разговорите со политичките чинители.

- Мислам дека првиот состанок ќе го барам со Иванов и ќе барам од него да го добијам мандатот за формирање на Влада. Деведесет и девет отсто нема да го добијам мандатот бидејќи Иванов сигурно ќе ми побара да соберам 61 пратеник, но тогаш ќе се обидам да ги соберам како и другите што се обидуваат да ги соберат - рече Тачи.

Лидерот на ДПА најави и дека ќе бара состанок со претседателот на СДСМ Зоран Заев.

- Ќе имам сериозен пристап. Сакам да укажам дека манипулацијата со гласови не е математика туку политика. Ние треба ако сакаме сериозно политички да се разбираме, треба да отвориме сериозен политички разговор. Имаме криза што продолжува и се продлабочува. Многумина стравуваат дека тоа може понатаму да се развие како етничка криза и затоа сите треба сериозно да седнеме и да разговараме, а бројките не се проблем тогаш - посочи Тачи. 


Можеби ќе ве интересира

СОДА, БРШЛЕН, КОПРИВА: Како со овие состојки да направите органски препарати за своите насади?

СОДА, БРШЛЕН, КОПРИВА: Како со овие состојки да направите органски препарати за своите насади?

ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата