Тачи смета дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ имаат договорено влада
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2017
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи по средбата со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан во Собранието изјави дека неформално во изминатиот период се гледал со лидерите на други политички партии и дека нема да влегува во влада заедно со ДУИ.
„Си ги знам играчите. Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе имаат договорено влада, но не знам зошто тоа не го кажуваат“- вели Тачи.
Тој тврди и дека Алијансата на Албанците веќе ветила поддршка на влада меѓу ВМРО -ДПМНЕ и ДУИ.
Тој ги отфрли шпекулациите дека дал поддршка на Ахмети и рече дека од него побарал оставка поради катастрофалниот резултат.
Тачи додаде дека нема да даде поддршка на ниту една влада и дека во секој случај ќе остане опозиционер.
По него на средба со Хан пристигна и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.Лидерите на партиите со Хан ќе разговараат за случувањата по изборите одржани на 11 декември.