Тачи: Србија практично го призна Косово
Објавено во: Балкан 08 Април, 2015 09:49
Србија практично ја призна Република Косово - нејзините граници, документи, изборите и законодавството. Ова е начинот - чекор по чекор да се дојде до признавањето на независноста. Формалното признавање ќе се случи за време на евроинтеграциите.
Тоа, го изјавил косовскиот министер за надворешни работи, Хашим Тачи за хрватскиот весник „Вечерњи лист“.
Според него, владата во Приштина ќе ги исполни сите обврски од договорот во Брисел меѓу властите во Белград и Косово, бидејќи тие го поддржуваат Уставот и територијалниот интегритет на земјата.
„Јас немам никакво сомневање дека на крајот од овој процес Косово ќе ја отвори својата дипломатска мисија - амбасада во Белград и ќе имаме добри односи“, изјавил Хашим Тачи и појасни: „Дали тоа ќе се случи во рамките на овој или следниот мандат - сето тоа зависи од Србија и колку е голема нејзината желба да ја прифати реалноста, бидејќи практично Србија го призна Косово“.
„Србија е свесна дека патот до членството на ЕУ поминува низ признавањето на Косово и тотално помирување со соседите“, додал Тачи.
Хашим Тачи потврди дека по истекот на мандатот на актуелниот претседател на Косово Атифете Јахјага тој ќе се кандидира за претседател. Тоа е дел од договорот со премиерот Иса Мустафа и тоа е стабилизирачки фактор во републиката, појаснил косовскиот министер за надворешни работи.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




