19 Декември, 2025
0.0349

„Таен“ играч во трката за Кроација осигурување

Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2013 19:17

Добивај вести на Viber

И по две недели од пробивањето на првиот рок(20 -ти септември) за давање необврзувачки понуди за преземање на Кроација осигурување, во Владата на Хрватска и во Министерството за финансии, владее молк, пишува порталот „Пословни“. Двете адреси , кои ја одредуваат иднината на најстарата национална осигурителна компанија не се подготвени да откријат дури ни дали на повикот се јавиле седум , 11 или 12 корисници , а не пак да ги дадат имињата на потенцијалните сопственици. Според ообјавите во повеќе медиуми, интерес за осигурителната компанија пријавиле неколку осигурителни компании, вклучувајќи ја и Американската Интернационална Групација (АИГ ), Ерго, Генерали , Граве груп, Винер ВИГ,  ПЗУ и Триглав . Во ред за Кроација осигурување чекаат и компании на кои осигурувањето не им е близок бизнис како домашните Адрис, Европската банка за обнова и развој , ИФЦ- Меѓународната финансиска корпорација од Светската банка, приватниот инвестиционен фонд Ана Капитал... Од сите претходноспоменати, Ерго се повлече откако покажала интерес, но не дала необврзувачка понуда. И додека премиерот Зоран Милановиќ  и министерот Славко Линиќ цврсто молчат за исходот од првиот круг на приватизацијата, извор близок до кабинетот за „Пословни“ открива дека крајниот рок за необврзувачки понуди поради АИГ е поместен на 4 октомври и многу е веројатно дека ќе има уште едно одложување. АИГ изрази интерес за Кроација осигурување шти ги шокираше Милановиќ и Линиќ, па тие одлучија со поместување на рокот и дадат можност и на АИГ. Оваа компанија е „сопната " поради прекраткиот период. Клучна причина е дека АИГ не може да влезе во која било трансакција , било локална или на глобално ниво без одобрување на кабинетот на Обама како и на американската влада, откако во 2008-ма, со финансиската инјекции компанијата има 92 отсто од акциите кај американската влада. Ниту американската администрација се чини не е премногу брза во давање дозвола , па оттука рокот веројатно премолчно ќе се помести, пишува порталот. Дека АИГ ја разгледува можноста за превземања откри нејзиниот извршен директор Роберт Бенмоше за Блумберг во јуни 2012. Бенмоше кој има адреса во Хрватска од 2006-та, рече дека АИГ има намера да продолжи да се шири на глобално ниво и е подготвена за " вистинската цена " да го разгледа купување на хрватската Кроација осигурување, но и на словенечката Триглав. Турција на Загреб е најблискиот пазар каде што АИГ работи , а додека минатата година уживаше во своето лозје во Хрватска, Бенмоше се чини кроел планови за големата „ чизма “ која ќе го зафати  пазарот  од Љубљана до Истанбул, пиува „Пословни“.  

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен