16 Декември, 2025
0.0990

Тајкуните во Белград ќе организираат „спонтани“ немири?

Објавено во: Балкан 10 Март, 2014 12:48

Добивај вести на Viber

Српската агенција за разузнавање БИА неодамна доставила известување до српските власти дека постои план во земјата да се предизвикаат големи немири на есен, објавува порталот Информер. Како што пренесуваат и останатите српски медиуми, во информацијата стои дека „тајкуни, странци и екстремисти планираат најдоцна на есен во земјата да предизвикаат спонтани немири, кои би довеле до судири и насилна промена на власта“. Информацијата ја открил претставник на БИА, кој сакал да остане анонимен и кој тврдел дека според информациите на српското разузнавање „на земјата ú се подготвува црно сценарио од повеќе страни“. „Не се работи тука за голема група која е во завера, туку за повеќе такви групи кои имаат заеднички интерес. Тие силно сакаат оваа власт, која ќе победи и на изборите на 16 март да биде урната што е можно побрзо. Тајкуните, од кои Мирослав Мишковиќ, сопственикот на Делта, е само еден, се подготвени да платат колку што треба. Некои странски служби, пак, би сакале земјата да ја видат на колена, а екстремистите едвај чекаат нов 5-ти октомври“, тврди овој извор. Проценка на овие екстремисти била дека наесен ќе созрее ситуацијата за широк социјален бунт.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството