Тајвански џин ја купува Кемет електроникс
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2020
Тајванската компанија Јагео ја купува Кемет корпорација. Финалната регулаторна потврда беше објавена на 9 јуни што значи дека аквизицијата може да се реализира. Кемет има фабрика за електронски кондензатори во Македонија во индустриската зона Бунарџик која е функционална од 2012 година. Јагео корпорејшн пак е водечка светска компанија во електронски мкомпоненти за повеќе индустрии. Претходно беше објавено дека транскацијата вреди 1,8 милијарди американски долари.
По аквизицијата на Кемет, Јагео ќе стане трет по големина производител на пасивни компоненти во светот, и ќе ја заземе првата позиција по пазарен удел во делот на отпорници за чипови и кондензатори на тантал.
Пјер Чен, првиот човек на Јагео, истакна дека Кемет ќе биде важен двигател на растот на Јагео во наредните 5 до 10 години. Што се однесува до причината за преземањето Пјер вели дека уделот на пазарот на кондензатори на Кемет е на водечката позиција, а неговата профитабилност на кондензаторите на тантал е споредлива со онаа на целата компанија на Јагео, што е една од причините за купувањето.
Чен вели и дека целта на Јагео е да влезат во сектори како што е автомобилскиот. Целиот процес околу преземањето треба да заврши во третиот квартал на 2020 година. По завршувањето на трансакцијата, Кемет ќе стане подружница на Јагео.
Американската компанија Кемет електроникс ја отвори фабриката во Скопје во октомври 2012 година и е наменета за електронски производи наменети за авионската, воената и автомобилската индустрија.
Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развој на зона Бунарџик на површина од 11.000 метри квадратни, од кои 9.000 се производствен капацитет.
Најавата беше таму да се вработат 500 луѓе, но во првите четири годни еба вработени околу 260 лица.
Александра Томиќ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.