Таки Фити: Стопанството најмногу ги чуствува политичките спреги
Објавено во: Економија 26 Февруари, 2013
Стопанството со огромен интензитет ги чувствува политичките спреги во своето работење, вели академик Таки Фити. Спред него политиката е длабока навлезена во сите пори на економијата, и сите политички субјекти вршат притисок врз бизнисот, нешто што не е случај во земји со висок степен на демократија.
„ Кај нас постои висока инволвираност на сите влади без оглед на политичката провиниенција во бизнисот, во смисла на делење на фирмите на ваши и наши и затоа луѓето се плашат од избор. Директорите ги спонозираат изборите, па се плашат која партија ќе дојде на власт и често пати ги спонзорираат и едните и другите. Но, во земја со голема демократска традиција такви проблеми нема “ изјави академик Таки Фити.Остануваат и веќе познатите критики за непродуктивните трошења на владата.
Како најпозитивна владина антикризна мерка ја оцени кредитната линија обезбедена преку Европската инвестициска банка што се пласираа во стопанството преку Македонската банка за поддршка на развојот. Според Фити, македонскиот банкарски сектор, во 2008 година ги почувствува првите негативни последици од кризата кои се однесуваа на стагнација на депозитите и инцидентно повлекување на депозитите во евра,бидејќи луѓето беа исплашени од кризата на еврозоната и еврото.„Мене не ме плаши дефицит од 3,5 отсто. Нека биде и четири и пет, во кризна ситуација, но,проблемот е да биде во инфрастркутра, патишта железница , енергетика,гасификација, тоа е она што може силно да ги намали трошоците на работењето на фирмите и да ја подобри бизнис климата“, изјави Фити.
„Кризата се среди за еден месец и откако банките покажаа висока ликвидност и редовно ги враќаа депозитите граѓаните самите ги вратија парите повторно. Тоа зборува дека нашиот финансиски систем,поканкретно банкарскиот е добро капитализиран, високоликвиден, добро структуиран и дека нема посебни проблеми особено од аспект што немаме токсични банкарски производи кои беа една од главните причини за европската должничка криза“, рече Фити.
Во реалниот сектор, додаде, проблемите дојдоа преку надворешно трговската размена.
„Во 2008 година вкупниот македонски извоз беше 3,9 милијарди американски долари, а веќе следната 2009 година само 2,7 милијарди што е ефект од кризата со која се намалија нашите ножности за извоз особено во Грција,Германија и Италија. Вториот проблем беше лоша перцепција на регионот заради близината на Грција поради што се намалија приливите на капитал, порфолио инвестициите се повлекоа, а странски директни инвестиции имаше многу малку, изјави Фити* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.