Талат Џафери и Горан Мисовски повикани во Обвинителството
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2018 11:04
Собранискиот спикер Талат Џафери и неговиот заменик Горан Мисовски се повикани во Обвинителството за организиран криминал каде што треба да дадат исказ за настаните на 27 април Станува збор за постапка по службена должност, а за тоа како Џафери е избран за претседател на законодоавниот дом, по пријава од пред една година на битолско патриотско граѓанско здружение.
Битолското здружение бара да се истражи дали на 27 април во законодавниот дом се случило велепредавство, злоупотреба на службената положба, противзаконско посредување, самовластие и насилство спрема претставниците на највисоките државни органи.
Основното јавно обвинителство кон средината на ноември информира дека отворило истрага за начинот на кој е избран Џафери за претседател на македонското Собрание.
Покана од обвинителството добиле и други пратеници кои учествувале на собраниската седница на 27 април.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




