20 Декември, 2025
0.1017

Tantissimo - најупотребуваниот збор во Италија?

Објавено во: Мои пари 30 Март, 2023 14:45

Добивај вести на Viber

Многу брзаме, пробуваме, мислиме, посакуваме. Многу, многу. Без разлика каде се наоѓа, максимата на модерниот човек е токму желбата за уживање и во најмалиот миг. Максимално. Целосно.

Но, можеби еден од најточните стереотипи во светот е наменет за Италијанците.

Кога некој ќе помисли на Италија автоматски  се асоцира на  неповторливата уметност, ненадминливите вкусови и разновидноста од храна и вино, безвременската архитектура, историја, музика, на кои може да се додаде и изобилство од  природни убавини — од зелените падини на Тоскана, карпестите Алпи, па сѐ до крајбрежјата на Амалфи, Портофино и Капри — секој дел со своја магична убавина.

Италија претставува уникатен сплет на градби и знаменитости од традиционално и модерно време, кои секого го оставаат без здив. Некој ќе каже: „Клише чувство“, но ние велиме — дефинитивно вредно да се почувствува. Искуство кое само по себе е многу, многу уникатно.

Италијанците како народ се познати по нивното гласно и директно комуницирање, како и константното употребување  гестикулации со рацете. Да, гласно. Да, директно. Но, е една од најомилените карактеристики за овој народ, која без исклучок секогаш измамува насмевки. Размислувајќи за тоа, како и не би се запрашале: Кои сѐ зборови најчесто се дел од разговорниот вокабулар на еден Италијанец? Особено кога постојано искажуваат емоции со секој споделен збор, мисла, поздрав.

По неколку години во пандемија и изолација, 2022 година беше благиот старт на максимално уживање во животот. Можеби најупотребуваниот збор во Италија за изминатата година е токму tantissimo или „многу, многу“. А зошто Италијанците преферираат толку многу да го користат овој збор во своето секојдневие?

Одговорот е едноставен,  живеат за да го искористат најубавиот и најсладок дел од секој момент. Сакаат многу, многу да пијат еспресо, да подготвуваат паста и пица, и да уживаат во насмевките и прегратките со своите сакани.

Италијанците се можеби најдобриот пример на планетата за тоа како треба да се живее и да се ужива во значењето на tantissimo.

За љубителите на патувањата, Италија е омилениот медитерански рај. Виновите лозја во Тоскана, корените на пицата во Неапол, градот на маските, водата, мостовите, каналите — Венеција, светскиот центар на ренесансата – Фиренца, местото каде што живее љубовната трагедија на Шекспир – Верона, и „колосеумот“ на центарот на сѐ — Рим.

Да, сите патишта водат до Рим, но несомнено и до цела Италија.

Италија е уживање. А изборот кое место сакаме tantissimo да го посетиме, не е лесна задача.

Животот вреди да се живее, насмевките вредат да се на нашите лица,и тоа навистина,  многу, многу.

Tantissimo – можеби најдоброто животно мото досега?

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии