19 Април, 2024
0.0513

Ташковиќ може е топ кадар ама е признание за слабоста на владата

Објавено во: Анализа 03 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Изборот на Глигор Ташковиќ за нов член во тимот на премиерот Зоран Заев може да се разгледува од неколку аспекти од кои би се заклучиле и позитивни но, и негативни моменти. Да почнеме прво со доброто. Повторното враќање на Ташковиќ во Владата е показател дека новото владино раководство предводено од СДСМ дава можност на луѓе кои не се од нивната партија, кои може да се каже дека се и од спротивна политичка номенклатура. Тоа значи дека премиерот Заев не ја става во преден план партиската или политичката припадност, ниту пак со „наоштрени заби“ гледа кон кадрите кои му служеа на Никола Груевски. Секако, овој потег во понормални демократски системи би бил длабоко поздравен од страна на политичките аналитичари бидејќи бипартизмот секогаш е многу важен за одблокирање на одредени државни процеси, а исто така придонесува во намалување на политичкиот реваншизам и „закопување на секирите“ по одржани избори и поделбата на општественото ткиво.

Македонија е демократија во развој и допрва учиме како да функционираме натпартиски или надвор од дневно-политичките брљавштини кои ја трујат јавноста со непотребна негативна енергија, па затоа и овој потег тешко дека ќе биде прифатен на таков начин и на премиерот Заев нема да му донесе многу поени на контото бипартизам. 

Затоа да се насочиме кон тоа зошто изборот на Ташковиќ е грешка која нанесува уште една сенка врз кадровската политика на Заев. Ташковиќ беше еден од армијата министри задолжени за привлекување на странски инвестиции во владата на Никола Груевски. Станува збор за човек со елитно меѓународно образование и богато корпоративно искуство како консултант и лобист. Ташковиќ само две години се задржа во владата на Груевски и тоа во неговиот најдобар мандат кога немаше политички хајки и немаше силна контрола врз сите општествени процеси како во подоцнежните години. За владата на Заев враќањето на Ташковиќ е еден вид признание дека нивниот досегашен тим за привлекување странски ивеститори е под нивото и дека критиките кои ги даваше опозицисиската ВМРО-ДПМНЕ на некој начин се и оправдани. 

Ташковиќ ќе биде дел од Комитетот за одобрување инвестиции на Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија со мандат од две години. Тој нема министерска или вицепремиерска моќ како што вообичаено имаат кадрите задолжени за привлекување на странски инвестиции, но секако ќе биде ангажиран во сродна владина констелација под водство на премиерот Заев. 

Откако ќе слегнат политичките реакции ќе остане да се види што точно ќе работи Ташковиќ, колкава плата ќе заработува, кои проекти ќе ги води и за какви лоби групи ќе се залага. Да потсетиме дека тој до 2006 година беше директор во меѓународната корпорација АМБО која се занимаваше со развој и финансирање на Трансбалканскиот нафтовод, а претходно бил лобист и консултат во компании од областа финансии, телекомуникации, воздухопловство, осигурување, шпедиција, недвижнини, нафтена индустрија и медицинска опрема.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!