18 Декември, 2025
0.0599

Таткото на Алберт Муслиу градел зграда кај Клинички повисока од дозволеното

Објавено во: Македонија 14 Март, 2023 12:57

Добивај вести на Viber

Таткото на аналитичарот Алберт Муслиу гради станбен објект спроти Kлиничкиот центар во Скопје, во тесните улички преку Водњанска, кој важи за пренатрупан дел од градот, а покрај тоа зградата, надвор од прописите, има втор потпокрив, пишува „Призма“.

Објектот го гради фирмата „Прагматика“. Сопственик на фирмата е пензионираниот наставник од Гостивар, Гафур Муслиу, инаку татко на Алберт, кој, пак, од 2012 не фигурира во документите на компанијата-инвеститор.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, без да споменува имиња, веќе објави дека инспектор од Општина Центар на двапати пишувал решение за уривање, меѓутоа објектот не се урива и продолжува да се гради.

„Уште мајсторите им пуштаат предизвикувачка музика на околните граѓани дека законот ништо не им може. На што личи тоа? Срамота!“, изјави Ивановска.

Инспекторот, во два наврати извршил надзор и заклучил дека зградата е повисока и во одредени делови поширока од дозволеното, но решенијата за уривање паѓаат. Во извештаите на градежната инспекција, како претставник на „Прагматика“, е наведено името и на Алберт Муслиу.

Самиот Муслу изјавил за „Призма“ дека го известил инспекторот дека нема врска со таа фирма. Градежниот инспектор, во два наврати извршил инспекција и заклучил дека зградата е повисока и во одредени делови (еркерите) поширока од дозволеното, но решенијата за уривање паѓаат на второстепена комисија каде што инвеститорот се жали.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје