11 Ноември, 2025
0.0395

ТАВ Македонија донираше готвени оброци за 110 бездомни лица во Пунктот за бездомници на Црвениот Крст во Момин Поток

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2025 10:30

Добивај вести на Viber

ТАВ Македонија, во соработка со Црвениот Крст на Град Скопјe, денеска, 10 октомври, на Светскиот ден на бездомништво, подготви и донираше готвени оброци за 110 бездомни лица во Пунктот за бездомници во Момин Поток во Скопјe.

Како дел од својата стратегија за корпоративна општествена одговорност, аеродромскиот операторот, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на групацијата АДП, втора година по ред ја организира оваа хуманитарна активност „ТАВ Готви“.

- Континуирано се стремиме да им помагаме на ранливите категории граѓани и да ја зајакнеме солидарноста во заедницата. Втора година по ред ја организираме хуманитарната активност „ТАВ Готви“, во соработка со нашата сестринска компанија БТА, одговорна за храна и пијалоци на скопскиот аеродром. Веруваме дека општеството напредува кога компаниите, институциите и граѓаните дејствуваат заедно за хумани цели. Соработката со организации како што е Црвениот Крст ни овозможува заеднички да создаваме вистинска општествена вредност и затоа би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на луѓето од Црвениот Крст на Град Скопјe и на луѓето од Пунктот за бездомници во Момин Поток. Посакувам да продолжиме да соработуваме и во иднина и заеднички да придонесуваме за подобро утре за оние на кои им е најпотребно, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

- Црвениот Крст на Град Скопјe изразува искрена благодарност до ТАВ Македонија за донацијата на топол оброк наменет за бездомници кои ги користат услугите воПункотот за бездомници на Црвениот Крст. Со оваа донација, ТАВ Македонија уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност и хуманост, придонесувајќи кон подобрување на условите за живот и достоинствен третман на најранливите категории граѓани. Пристапот до топол и свежо приготвен оброк е основна човечка потреба, но, за жал, дел од нашите сограѓани секојденевно се соочуваат со овој предизвик. Благодарение на поддршката од општествено одговорните компании како ТАВ Македонија, Црвениот Крст успева да обезбеди континуирана помош и поддршка за овие луѓе. Црвениот Крст на Град Скопјe високо ја цени долгогодишната соработка со компанијата и нејзината подготвеност да поддржува активности во заедницата, со што заеднички придонесуваме за поинклузивно и похумано општество, изјави Сузана Тунева Пауновска – секретар на Црвениот Крст на Град Скопјe.

Покрај својата основна дејност, која е операции на аеродроми, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП, континуирано спроведува општествено одговорни активности со фокус на поддршка на организации со проекти кои им помагаат на ранливите категории на граѓани, децата, жените, образованието, проекти поврзани со животната средина и нејзината одржливост, со цел да се создаде подобра иднина и живот за сите граѓани.

Како што информираат од ТАВ Македонија, во рамките на истата општествено одговорна активност „ТАВ Готви“, ТАВ Македонија и нејзината сестринска компанија БТА, одговорна за храна и пијалоци на скопскиот аеродром, заедно со Црвениот Крст, ќе организираат уште една донација на готвен оброк за бездомници до крајот на оваа година.

*** КРАЈ ***

ЗА ТАВ АЕРОДРОМИ

ТАВ аеродроми обезбедува интегрирани услуги во сите сфери на аеродромските операции, со глобален печат на над 100 аеродроми во повеќе од 30 земји во светот.

Во 2024, ТАВ Аеродроми опслужи 107 милиони патници. Како член на групацијата АДП, ТАВ Аеродроми е дел од водечка платформа за управување со аеродроми на глобално ниво. Преку своите подружници, ТАВ е активна во делот на аеродромски услужни бизниси, вклучувајќибезцарински продавници, храна и пијалаци, земјени операции, ИТ, обезбедување и управување со комерцијални услуги. Компанијата котира на Истанбулската берза. 

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

СЕПТАНАЗАЛ – БРЗО ГО ОДЗАТНУВА НОСОТ И ЈА ШТИТИ НОСНАТА СЛУЗНИЦА

СЕПТАНАЗАЛ – БРЗО ГО ОДЗАТНУВА НОСОТ И ЈА ШТИТИ НОСНАТА СЛУЗНИЦА

Силк Роуд Банка ја зајакнува дигиталната понуда со Visa Direct

Силк Роуд Банка ја зајакнува дигиталната понуда со Visa Direct

La Scolca на кралската трпеза во резиденцијата на Кралот Чарлс III

La Scolca на кралската трпеза во резиденцијата на Кралот Чарлс III

Меѓународни истражувања покажуваат: Никотинските ќесички*** – помалку штетна* алтернатива за пушачите

Меѓународни истражувања покажуваат: Никотинските ќесички*** – помалку штетна* алтернатива за пушачите

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари

ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „КОЛЕКТИВНА КУЛТУРНА МЕМОРИЈА: ПОСТМЕМОРИЈА“ ВО МАЛА СТАНИЦА

ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „КОЛЕКТИВНА КУЛТУРНА МЕМОРИЈА: ПОСТМЕМОРИЈА“ ВО МАЛА СТАНИЦА

ТИТАН Усје со поддршка за болницата во Кочани

ТИТАН Усје со поддршка за болницата во Кочани

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е Балкански карате-шампион

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е Балкански карате-шампион

КС ГРУПАЦИЈА ГИ СЛАВИ СВОИТЕ ЛОЈАЛНИ ХЕРОИ

КС ГРУПАЦИЈА ГИ СЛАВИ СВОИТЕ ЛОЈАЛНИ ХЕРОИ