ТАВ Македонија: Виз ер ги отвора новите 5 линии - Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од аеродромот во Охрид
Објавено во: Мои пари 27 Октомври, 2025 09:55
Новите 5 авионски линии на Визер - Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска, 27 октомври и утре, 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија.
„Многу сум среќен што денеска, на почетокот на зимската сезона, пет нови авиолинии почнуваат од двата аеродроми, во Скопје и Охрид. Секако со поддршка на Владата и благодарение на посветеноста на Виз ер.
Сигурен сум дека овие 5 дестинации дефинитивно ќе бидат посетени и сакам да додадам уште нешто, многу важно, дека овие нови дестинации кои ги најавувам, се избор на патниците, избор на оние патувачи кои што со нетрпение очекуваат да бидат повзрзани со овие градови од двата аеродроми, од овде во Македонија.
Исто така сакам да се заблагодарам на нашиот тим од ТАВ Аеродроми кои ја дадоа својата поддршка за да ги спремиме овие дестинации и сега да можеме да ги споделиме со патниците.
Верувам дека ќе уживате во новите дестинации, ние не застануваме тука, ние сме посветени да обезбедиме што повеќе дестинации од двата македонски аеродроми и сигурен сум дека нè очекуваат уште повозбудливи нешта“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.
Новата линија Скопје - Стокхолм започна утрово со првиот лет во 6:05 часот. Овој пат Виз ер лета до главниот аеродром во Стокхолм - Арланда. Првиот лет на линијата Скопјe-Бари ќе започне со полетување на Визер до овој град на италијанскиот брег денеска во 14:40 часот. Oд аеродромот во Охрид, првиот лет за Базел полетува денеска во 12 часот.
Утре, на 28 октомври, ќе започне и новата линија Скопје - Мадрид, со првиот лет во 16:05 часот. Враќањето на линијата Скопјe - Ларнака ќе започне со лет што пристигнува од Ларнака до Скопјe утре во 7:15 часот.
Летовите кои што започнуваат денеска, 27 октомври, од Скопје до Стокхолм и Бари, како и од Охрид до Базел, ќе се одвиваат два пати неделно – секој понеделник и петок.
Летовите кои што започнуваат утре, 28 октомври, од Скопје до Мадрид, ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота, а од Скопје до Ларнака – вторник и сабота.
Како што соопштуваат од TАВ Македонија, тие очекуваат голем обем на патнички сообраќај на сите пет нови линии на Виз ер, имајќи го предвид фактот дека сите овие градови се атрактивни туристички дестинации, кои беа барани од патниците.
Од петте нови линии што започнуваат денескa и утре, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар, односно главниот град на Македонија за првпат ќе биде поврзан со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град.
Ларнака и Базел се повторно воспоставени линии, додека Скопје - Стокхолм е нова авионска линија, бидејќи Виз ер отсега ќе лета кон главниот аеродром во шведската метропола - Арланда.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





