ТАЖНА СЛИКА ВО ПРЕСПА: Невремето им зададе силен удар на овоштарите
Објавено во: Агробизнис 12 Јули, 2019 18:50
Уништени се јаболката во повеќе села во Преспа и Ресен од невремето кое го зафати овој крај.
На удар беа овошните насади во селата Крани, Штрбово, Наколец, Љубојно, Долно Дупени. Граѓаните кои живеат во овој регион велат дека штетите се огромни и дека на одредени стебла нема ниту лист, ниту род, сѐ е уништено.
„Невремето кое ја зафати Преспа беше навистина морничаво, и на терен изгледа како да е есен, на дрвјата нема ниту листови, ниту јаболка. Јас живеам во Долна Бела Црква на 15 км од местата кои се навистина погодени од невремето. Од што ќе живеат сега луѓето? Само Господ нема им е на помош“, вели Горан Телевски, овоштар од Долна Бела Црква.
Тој апелира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопаство да им помогне на овоштарите со интервентно исплаќање на субвенциите за предадено индустриско јаболко.
Во невремето уништени беа кровови на куќи и приколки на потегот од Претор до Долно Дупени. Вакво невреме одамна не се памети во овие краишта. Дувал ветер со брзина од 150 км на час.
„Моите овошки ги зафатил само дожд, не и град, затоа што се на другата страна од страната на Отешево, но во Долна Преспа е катастрофа. Не верувам дека нешто ќе остане од родот. Надлежните биле на терен, но што ветиле не знаеме“, вели Фросина Ѓорѓиевска, овоштар од Преспа.
Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен раскажа дека буквално се случил водопад од град и дожд, а уништени се овошните насади во селото Крани, Штрбово, Наколец, дел од Сливница, дел од Долно Дупени, Брајчино и Љубојно.
Министерот за земјоделство Трајан Димковски информираше дека ќе се направи проценка на штети.
Овоштарите и претходните години мака мачеа со градот, мразот, немањето на пласман, но и оваа година градот им го „собра“ родот и ја доведува во прашање нивната егзистенција. За многу луѓе овоштарството е основен извор на приходи.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





