ТЕ-ТО повторно во Обвинителство за организиран криминал: Какви информации стасале од странство?

Објавено во: Економија, Анализа 04 Ноември, 2019 07:02
Случајот со гасната централа ТЕ-ТО повторно е вратен во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Информациите на Фактор ги потврдија и од Обвинителството од каде не потврдија кога треба да се очекува обвинение за овој предмет. Сепак велат дека по пат на меѓународна правна помош надлежниот обвинител обезбедил и дополнителни информации, кои сега се анализираат. По завршувањето на анализите се очекува дабиде донесена јавнообвинителска одлука.
Инаку за овој случај веќе кривични пријави поднесе Управата за финансика полиција која објави во јуни годинава дека се сомневаат за лажен стечај, злоупотреба на службена положба и овластување, но и перење пари во Македонија од трансакции за кои во Русија се водат истраги за криминал. Сомнежите се дека станува збор за испрани над седум милијарди денари или над 100 милиони евра.
Потоа Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 30 јули годинава објави соопштение во кое ја информираше јавноста дека по проучување на наводите во кривичната пријава против 6 физички и едно правно лице поднесена од Управата за финансиска полиција, донесе одлука со која кривичната пријава во дел е доставена на натамошно надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје, а во другиот дел е издадена Наредба за претходно прибирање на известувања до Управата за финансиска полиција за прибавување потребни материјални докази заради прибавување на докази што недостасуваат во кривичната пријава. Покрај тоа, Обвинителството побара да се достават и конкретни информации и материјални докази за начинот, периодот на сторување и износот во кој секој од пријавените го сторил кривичното дело кое му се става на товар.
„На 10 октомври Вишото јавно обвинителство - Скопје донесе Решение со кое, по предизвиканиот судир на надлежност од страна на Основното јавно обвинителство - Скопје, за стварно надлежно го определи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со ова Решение предметот е повторно вратен на постапување во ова обвинителство, потврдуваат за Фактор од Обвинителството.
Сега се чека обвинението.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
ШВАЈЦАРИЈА МУ Е МАЈКАТА: Богатите Американци отвораат сметки во швајцарските банки

БРИКС ЛАНСИРА НОВ СИСТЕМ ЗА ПЛАЌАЊЕ: Планот е слабеење на доминацијата на доларот

БРИТАНЦИТЕ ОТВАРААТ ТАЈНИ ПОГОНИ: Развиле нови методи за производство на експлозиви, воената индустрија ја презема работата во свои раце

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ АВТОМОБИСКИТЕ ЏИНОВИ: Мерцедес брише два модели, ги прекина сите врски со Рено

„НЕ НИ Е ГРИЖА ОД КАДЕ Е КОМПАНИЈАТА“: Фон Дер Лајен ги предупреди Мета, Икс и ТикТок

СТИГНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КИНА: Земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка! „Остро ќе се спротивставиме“

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

ГЕРМАНИЈА ПОГОДЕНА ОД НЕВЕРОЈАТНО ПОСКАПУВАЊЕ: Еве што поскапи најмногу

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“
