Тече рокот за аплицирање за земјоделски субвенции
Објавено во: Агробизнис 24 Март, 2018
Рокот за аплицирање за субвенции во земјоделството почна вчера и ќе трае до 31 мај. Се очекува да аплицираат околу 72.000 земјоделци, а на располагање им се околу 100 милиони евра.
Сите земјоделци кои сакаат да добијат субвенции од денеска до крајот на мај ќе може по електронски пат да аплицираат за добивање на државата помош за годинава. Земјоделците кои не знаат сами да ги пополнат барањата, ќе може да побараат помош од Подрачните единици на Министерството за земјоделство. Сите кои ќе бараат државна помош за растително производство барањата треба да ги поднесат врз основа на евидентирани податоци на парцели во Единствениот регистар, а сточарите заедно со барањето треба да достават и ажурирани податоци за состојбата на стадото за кое аплицираат. Со сателитски снимки се проверува дали на нивата е посеана културата која е пријавена за субвенции. Инспекторите лани утврдиле неправилности само кај мал дел на земјоделци, а има и такви кои немале комплетна документација или имале проблеми заради што не добиле субвенции.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.