Тонеме ли како Титаник?
Објавено во: Анализа 30 Октомври, 2012 08:45
Секако го забелeжувате феноменалниот раст на S&P 500. Од 1.150 на околу 1.450 поени за неполна година. Трендот и во моментов е позитивен, меѓутоа почнуваат да се јавуваат неколку сериозни предизвици:
Погледнете го горниот десен агол, како индексот веќе три пати се мачи да го натфрли нивото на 1.460 поени. Доколку на ова ги додаме и фундаментални проблеми на компаниите на полето на добивките во третиот квартал доаѓаме до следниот заклучоци:
Нивото од 1.460 поени е веројатно клучно за задржувањена позитивниот моментум
Изборите се наредната недела и евентуален пад под 1.370 поени можеби би го чинеле Обама, втор мандат. Ќе биде интересно.
DAX
Добро беше да се имаат акции во Германија минатата година (посебно ако прв пат сте купиле тој перидот). Меѓутоа можете јасно да ја видите силната поврзаност со прекуокеанските берзи. Повторно во горниот десен агол на ниво од околу 7.500 поени се јавува сериозе отпор. Карактеристично е тоа што доколку го вратиме графикот наназад ќе видиме дека веќе година и пол ова ниво не може да биде пробиено. Станува јасно дека копјата ќе се кршат тука на ниво од 7.500 поени.
SBI TOP
Најголемата регионална берза е Словенечката. Веднаш во очи влегува страшниот пад кој Словенците го доживуваат изминатава година. Катастрофалната состојба на банкарскиот сектор, неверојатната поврзаност на фирмите со банките кои се државни, лошите кредити и евроспската рецесија очигледно беа смртоносни за индексот. Берзата не регираше ниту на позитивните движења на големите ЕУ берзи.
Но, изминатиов период делува како да има светло на крајот на големиот тинел. И покарај неверојатните дневни осцилации трендот успеа да остане позитивен. Сепак рано е да се прогласи победа за биковите. Се покажува дека нивото од 600 поени никако јасно да се пробие. Тука ќе биде нивото за берзата во Словенија, која можеби го има и клучот за растот и кај нас.
А кај нас....
MBI 10
Дупка без дно. Ова е претпоставувам прва асоција на нашиот индекс. Сите линии и трендови се завртени надолу и засега не асоцираат на никакви промени. Едноставно тонеме како Титаник. Технички нашата берза стои исклучително лошо. Се чини дека ковелираме со светот исклучиво при пад.
Она што инвеститорите може да се надеваат во моментов е евентуално подобрите резултати на компаниите од индексот кои треба да почнат да излегуваат неделава. Исто така регионалното раздвижување би помогнало.
Доколку треба да се одбере некое ниво кое треба да биде пројдено за да може да се прогласи некакво враќање во живот, тоа би биле 1.800 индексни поени.
Милан Димитриоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





