07 Октомври, 2024
0.0244

Технологијата е чудо, но не може да се мери со човековиот мозок!

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Компании како Google Inc, Mercedes-Benz и Volvo Cars се натпреваруваат во развојот на автомобили кои се доволно паметни за да се движат без интервенција на возачот. Понекогаш, сепак, дури модерните технологии не можат да ги предвидат човековите грешки. Најсвеж пример е тест на новото Volvo XC60, при што токму човечка грешка доведе до инцидент со двајца повредени. Возачот сакал да го демонстрира системот за автоматско запирање при откривање на пешач, но не сфатил дека токму овој примерок на моделот не е опремен со слична технологија. Како резултат на тоа колата не ја намалува брзината и удира двајцата волонтери, кои застанале на нејзиниот пат. За среќа сериозно повредени нема, но клипот со инцидентот собра над 4 милиони прегледи на YouTube. Ова сепак не е сосема приватен случај. Автономните експериментални автомобили на Google учествувале во 13 сообраќајни инциденти за последните шест години, изјавија неодамна од страна на компанијата. Кај ниту еден од нив сепак најпаметните машини немале вина за несреќата. Повеќето пати беспилотните автомобили биле удрени одзади од конвенционален автомобил. Додека најпаметните автомобили се создаваат за да се избегнуваат инцидентите на патот, катастрофите со нив ги илустрираат предизвиците што произлегуваат од интеракцијата меѓу луѓето и компјутерите. Најголем проблем е дека беспилотните автомобили не можат да ги предвидат грешките на другите возачи. Токму затоа веројатно повеќето автомобилски производители нема да инвестираат во создавањето на целосно беспилотно возило, туку во таков кој му помага на возачот, предвидуваат експертите. Овие возења можат да го преземат управувањето при евентуална опасност - да ја намалат брзината, да запратат и дури да свртат. Може исто така да преземат досадни одговорности, како на пример тргнувања и застанувања во преголемиот сообраќај. Според Boston Consulting Group овој сектор на индустријата може да создаде пазар на вреден 42 милијарди долари до 2025 година. "Околу 94% од катастрофите се должат на грешка на возачот. Убедени сме дека помошните возачки технологии ќе помогнат за намалување на инцидентите на патот", смета Ерик Шу, шеф на швајцарска компанија ангажирана со проценка на ризикот при осигурување. Според неговиот колега Игор Крјочков од компанија T3 Risk Management SA од Женева, најефикасните технологии се оние кои не бараат интеракција со возачот. Тој дава за пример инцидент од неодамнешното патување, при што неговиот автомобил BMW 6-Series Coupe бил пресечен од Volkswagen Golf. Луксузниот баварски автомобил бил опремен со технологија за избегнување на судир, кој проработел моментално. "Автомобилот го заостри појасот и ја намали брзината, а го направи сето тоа пред јас да успеам да реагирам" вели Кркочков. "Тоа беше еден од оние инциденти, при што возилото се подготвува за удар, за да се намалат последиците. За среќа тој дури успеа да го избегне", додава менаџерот.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип