08 Октомври, 2024
0.0259

ТЕХНОЛОШКИ ГИГАНТ ОТПУШТА ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ! Приходите вртоглаво паѓаат, тие се во голема неволја

Објавено во: Економија, Свет 15 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Позната американска компанија најави отпуштање на неколку илјади работници.

Станува збор за американската компанија од областа на компјутерските мрежи „Cisco“ која во средата објави дека планира да отпушти 5 проценти од својата работна сила во филијалите ширум светот. Компанијата има илјадници вработени, а како што велат, планот е да се реконструира целата компанија, пренесува CNN.

Cisco се приклучува на веќе долгата листа на технолошки компании кои најавија намалување на работните места во последните месеци. Производителот на мрежен хардвер и софтвер во средата објави дека планира да го префрли фокусот на „клучните приоритетни области“, како што е вештачката интелигенција. „Продолжуваме да ги усогласуваме нашите инвестиции со идните можности за раст“, ​​рече извршниот директор на компанијата Чак Робинс.


Компанијата вработува речиси 85.000 луѓе, според последниот годишен извештај на компанијата, што значи дека повеќе од 4.000 работници најверојатно ќе бидат отпуштени. Cisco посочи дека отпуштањата ќе започнат оваа година и ќе продолжат и следната година, велејќи дека отпремнините на вработените ќе ја чинат компанијата речиси 800 милиони долари.

Компанијата, која се бори со опаѓање на приходите, го насочи својот фокус кон растечката индустрија за вештачка интелигенција. Во средата, компанијата објави дека нејзиниот приход паднал за 6% во однос на истиот период минатата година во вториот фискален квартал, а заработката по акција паднала за 3% во истиот период.

Укинувањето на работните места на Cisco доаѓа во време на низа отпуштања во технолошката индустрија, иако тие компании инвестираат милијарди долари во вештачка интелигенција. Google, Amazon, PayPal и Duolingo неодамна најавија отпуштања.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?

ШЕСТ ОПШТИНИ ПРОДАЛЕ НАД 500 ИЛЈАДИ МЕТРИ КВАДРАТНИ ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ: Се продавало по цена од 71 до 18.400 денари

ШЕСТ ОПШТИНИ ПРОДАЛЕ НАД 500 ИЛЈАДИ МЕТРИ КВАДРАТНИ ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ: Се продавало по цена од 71 до 18.400 денари

КОЈА Е ПОЗАДИНАТА НА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ? Битиќи вели можно е Унгарија да се меша во внатрешните работи

КОЈА Е ПОЗАДИНАТА НА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ? Битиќи вели можно е Унгарија да се меша во внатрешните работи

Непознат Грк го презеде МИК Свети Николе

Непознат Грк го презеде МИК Свети Николе

НОВ СИСТЕМ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Еве како ќе функционира, ова ќе мора сите да го направат

НОВ СИСТЕМ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Еве како ќе функционира, ова ќе мора сите да го направат