29 Септември, 2024
0.0261

ТЕКСТИЛ НЕ ПРАВИ, АМА УШТЕ ПРОДАВА, А ПРАВИ УШТЕ ПОДОБРИ ДОБИВКИ - како тетовскиот комбинат оствари чист профит од 400 илјади евра

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Можеби се откажа од основната дејност, ама уште работи турбо. Дури и подобро од претходно кога се занимаваше со производство на текстил.

Во моментов сеуште низ продавниците на „Тетекс“ се продаваат добропознатите квалитетни парчиња облека на овој комбинат, веројатно остатоци од некогашниот богат асортиман, а според купувачите, и по многу атрактуивни цени.

Дали тие се готовите производи кои му носат солидни приходи на комбинатот, не може да се извлече заклучок од не премногу богатите образложенија кои ги дава ова акционерско друштво во прилог на своите финансики извештаи кои ги испраќа до Берзата.

А, она што е факт е дека одлични приходи на комбинатот му носи ТТК банка, која се смета за негова „златна кокошка“, но и бројните објекти кои ги поседуваше, а кои сега ги издава и му носат солидни кирии.

Добивка после оданочување од 389 илјади евра е финансискиот резултат за првите девет месеци на тетовската компанија, што означува пораст од 34 пртоценти во однос на истиот период лани. 

Треба само да се има предвид дека овој финансики резултат се однесува на консолидираниот Биланс на успех на претпријатието, а како што објавиле и од самото друштво, „во консолидираниот биланс на успех на групација Тетекс АД Тетово за анализираниот период е вклучена и ТТК банка, по методот на основна главница, со учество на Тетекс во нејзиниот капитал од 44 отсто, како и поврзаното друштво Петролгас ДООЕЛ Тетово, кое, како што веќе пишуваше Фактор, е избришано од регистарот на правни лица по пат на ликвидација кон крајот на септември оваа година“.

Инаку, во првите девет месеци од годинава компанијата остварила многу солидни оперативни приходи на сума од 2,67 милиони евра, што е раст за 222 проценти во однос на истиот период лани.

Притоа приходите од продажбата се 1,86 милиони евра, и кај нив растот е исто така огромен, и изнесува цели 205 проценти. Приходите од продажбата на домашниот пазар се 1,33 милиони евра, и тука има сосема солиден раст од 126 проценти во однос на истиопт период лани. Но, треба да се спомене дека „одлична пара“ на „Тетекс“ му донеле и приходите од продажба на странскиот пазар, и тоа цели 528 илјади евра, и она што е уште поинтересно кај овие приходи е дека кај нив има зголемување за дури 1.599 проценти во споредба со истипот период минатата година.

Еве што напишале од „Тетекс“ во своето образложение.

„Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на материјали, готови производи и стоки“, се објаснува кусо во придружниот документ испратен заедно со финансискиот извештај.

Голем пораст, но не колку оној на приходната страна, има и кај оперативните расходи на компанијата. Тие изнесувале близу 2 милиони евра или прецизно 1,97 милиони, што е зголемување за 106 проценти во однос на истиот период лани.

Еден од најголемите трошоци, кој има и најголем раст, е набавната вредност на продадените материјали, резервни делови, ситен инвентар и амбалажа, кои донеле расход од 493 илјади евра, а тоа е фантастичен пораст за 7.551 проценти во однос на истиот период лани.

Се зголемиле и трошоците за вработените, за чии плати и надоместоци се исплатени 327 илјади евра, што е пораст за 34 отсто, и што укажува дека или се зголемени платите, или има нови вработувања.

Кога станува збор за финансиските приходи, тие на комбинатот му донеле одлична сума, од нешто повеќе од еден милион евра, и кај нив има раст од 102 проценти. Тие се должат на дивиденди.

„За тековниот период, во финансиските приходи се евидентирани приходите од примени дивиденди“, се вели во образложението.

Додека, пак, финански расходи биле на незначителен износ, и тоа е една од причините за значајниот раст на добивката од работењето на компанијата. Таа е 435 илјади евра и е за 50 отсто повисока од истиот период минатата година.

„Тетекс“ во образложението известува и дека заклучно со крајот на септември ги има подмирено сите обврски по кредити.

Напорите на менаџментот на ТЕТЕКС АД, во  постоечките услови на работа, се насочени кон менаџирање на постоечките расположиви капацитети на недвижен и движен имот, како и на залихите на материјали, производи и стоки, за да се оствари приход и позитивен резултат од работењето, согласно финансискиот план за 2023 година“, напишале од компанијата до инвеститосраката јавност.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија