„ТЕЛАТА НА ДВЕТЕ СЕСТРИЧКИ ГИ ПРОНАЈДОВМЕ ЕДНО ДО ДРУГО“: Во тој момент сите плачевме, спасувачот Јершиќ за Тина и Сара
Објавено во: Балкан 03 Ноември, 2024 11:19
Инспекторот на Одделот за вонредни состојби Саша Јершиќ изјави дека сите спасувачи плачеле по завршувањето на спасувачката акција на Железничката станица во Нови Сад.
Спасувачите се обиделе да ги спасат повредените од урнатините, а сите биле шокирани кога ги пронашле телата на двете сестрички Тина и Сара.
Посебно ја нагласи сцената кога од урнатините беа извлечени телата на загинатите девојчиња.
- Телата беа едно до друго. И двете беа приковани со тежок бетон, немаше шанси да преживеат. Во тој момент сите бевме со солзи во очите. Дома имам дете на таа возраст, срцето ми се кинеше - изјави Јершиќ.
Потсетувајќи се на кобниот ден, тој вели дека од моментот кога нивните екипи пристигнале на терен, гледале како да им помогнат на повредените, а прво разговарале со оние кои случајно се нашле на лице место за да можат грубо да знаат каде се затрупани луѓето и користеле и технологија како термички камери, но и оние кои можат да се вметнат во бетонски шуплини.
фото: Социјални мрежиМожеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




