05 Декември, 2025
0.0643

“Телеком“ и “Т-Мобиле“ бараат партнер за иновативни решенија

Објавено во: Економија 12 Декември, 2012 13:09

Добивај вести на Viber

-Денеска ги каниме сите иноватори и креативни умови да ни се придружат во градењето подобра иднина со доставување решенија за поврзан живот и работа. Ги отвораме вратите за влез и развој на иновации во Македонија, со цел да ја претвориме оваа наша визија во реалност. Ја нудиме можноста секој да ја добие главната улога во унапредувањето на комуникациите од иднината, а за возврат го нудиме нашето искуство, поддршка и инвестиција за реализација на добрата идеја”, изјави Даниел Сас, Главниот извршен директор на “Македонски Телеком“ АД – Скопје. Целта на конкурсот е да се разработат нови идеи и концепти кои ќе може да се користат во рамки на интерактивни медиумски апликации, апликации и услуги за е-влада, социјални мрежи и мобилност. Фокусот се става на новите облици на интерактивност и дигитална разонода, како и на комуникации и услуги за подобрување на секојдневието. Трите избрани проекти од сите доставени, ќе продолжат понатаму да се развиваат. -Веруваме дека во Македонија постојат креативни луѓе кои со своите идеи можат да се истакнат, кои можат да придонесат за промовирање и на Македонија, но и во создавањето подобро утре за сите македонски граѓани. Само заеднички, со поврзување на сите општествени субјекти, можеме да создадеме нешто добро за сите нас. Затоа решивме да ги обединиме бизнис секторот, граѓаните, владата  и невладиниот сектор во оваа наша акција”, изјави Главниот извршен директор на “Т-Мобиле“, Жарко Луковски. На конференцијата sе презентираа нови комуникациски решенија кои треба да се појават на македонскиот пазар веќе од наредната 2013 година, а имаше и гости од лабораториите за иновации на “Маѓар Телеком“ и “Дојче Телеком“. Повеќе информации за конкурсот “Партнер за иновации” сите заинтересирани ќе можат да најдат на www.telekom.mk/innovations.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката