29 Април, 2024
0.2503

ТЕЛЕКОМ ИМА ИЗНЕНАДУВАЊА: Повеќе време со семејството во текот на празниците

Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

-Наградна игра од Македонски Телеком, во која 50 нови или постојни корисници на Magenta 1 пакетите ќе добијат по 3 паметни алки за своето семејство.
-Достапна е апликација „Магичен часовник“, оригинално дигитално решение кое на семејствата ќе им дава совети  за квалитетно времепоминато со најблиските.

Во пресрет на претстојните празници кои се слават во кругот на семејството, Македонски Телеком подготви неколку изненадувањаза корисниците, со цел да пренесеме порака дека најдобриот подарок за празниците е времето поминато со најблиските.

Од денеска, започнува новата наградна игра „Повеќе време заедно“ која се однесува за сите нови и постојните Magenta 1 корисници, коишто ќе склучат договор најдоцна до 08.01.2017 година. Наградите ќе се извлечат на 09.01.2017 година, при што 50 корисници ќе добијат по 3 паметни алки за своето семејство.

Дополнително, Македонски Телеком изработи интересна и уникатна апликација „Магичен часовник“. Оваа апликација претставува оригинално дигитално решение кое на семејствата ќе им дава совети за квалитетно време поминато со најблиските. „Магичен часовник“ дава совети и предлози за заеднички активности со децата, соодветни на нивната возраст, на актуелните настани во градот, но и на временските услови.

Друга главна функција на апликацијата претставува мерењето на времето кое семејството го минува заедно. Со помош на Bluetooth технологијата, „Магичниот часовник“ ќе евидентира колку време телефоните на секој член од семејството се едни покрај други. Со тоа ќе може секој да си поставува дневни, неделни и месечни предизвици и посакувани цели. Ова апликација ќе биде функционална и преку паметните алки кои се дел од новата наградната игра на Македонски Телеком.

Апликацијата „Магичен Часовник“ може да се преземе бесплатно од Google Play https://play.google.com/store/apps/details?id=com.telekom.magicencasovnik и App Store https://itunes.apple.com/us/app/magicen-casovnik/id1187956784

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг