Телеком Словенија по втор пат ќе ги наградува најдобрите бизнис апликации
Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2013 13:35
Телеком Словенијa го објави вториот повик за апликации во „ТSstartup business accelerator“ програма за стимулирање на бизниси. Како што информираат од компанијата, по успешна имплементација на првата генерација проекти од оваа програма, Телеком Словенија сега нуди можност за соработка со развојните програмери дома и во странство.
Сите компании, тимови и програмери - поединци кои работат на развивање интернет, мобилни и телекомуникациски услуги и бараат можност успешно да ја презентираат нивната идеја или решение можат да се пријават на вториот конкурс најдоцна до 8 март 2013 година преку интернет порталотwww.tsstartup.si. Aпликациите ќе ги избере стручна комисија, а избраните тимови ќе ја почнат порограмата на 18 март 2013 година. Оние што ќе бидат избрани за учество во програмата ќе се натпреваруваат за парична награда во вкупен износ од 30.000 евра.
Телеком Словеније ја претстави оваа програма минатата година во септември кога го објави првиот повик. Во првото коло се привија вкупно 78 тимови, а комисијата на конкурсот одбра 11 тима. По 4 месеци интензивна работа, единаесетте финалисти ги презентираа своите проекти, а првата награда ја поделија два тима кои развија апликација за пренесување на фотографии помеѓу паметни телефони и компјутери и апликација Пеекстер, која функционира како врска помеѓу печатените медиуми и интернет содржината
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





