05 Декември, 2025
0.0502

Телевизии и радио станици незаконски емитувале буџетски реклами

Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2013 14:28

Добивај вести на Viber

По објавата на локалните избори 13 телевизии и радио станици недозволено емитувале реклами платени од државниот и од буџетот од локалната самоуправа, соопшти денеска Советот за радиодифузија. Мониторингот бил спроведен на 12, 13 и 14 јануари врз телевизиите МРТ1, МРТ2, Собраниски канал, Макпетрол ДООЕЛ, Сонце, Скај Нет, БТР, МТМ, Радио Канал 77, Ера, Амазон, 24 Вести и регионалниот сервис на Алфа. Советот реши да не ги казни, туку само да ги опомене телевизиите бидејќи поголемиот дел од нив недозволеното рекламирање го правеле само еден ден по распишувањето на изборите, што за претставниците од СРД е знак дека се работи за нивна неинформираност, а не за тенденциозно емитување реклами платени од државниот и општинските буџети. Инаку Советот вчера издаде соопштение во кое се прецизирани правилата за радиодифузерите по распишувањето на изборите. Еве го соопштението во целост: Советот за радиодифузија на РМ уште еднаш ги потсетува телевизиите и радијата дека во периодот до почетокот на изборната кампања не смеат да емитуваат содржини со кои непосредно или посредно промовираат ставови, програми, платформи, достигнувања, активности и др. на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници. Исто така, не е дозволено да се емитуваат платено политичко рекламирање, ниту огласи и реклами на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, финансирани од Буџетот на РМ, од буџетите на општините и на градот Скопје. Информирањето за подготовките за избори, односно за изборните активности пред започнувањето на изборната кампања на политичките партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници, радиодифузерите треба да го концентрираат во дневно-информативни емисии (вести и дневници). Изборите можат да бидат тема и на посебни информативни емисии, но доколку во нив учествуваат политичари – треба да се обезбеди рамноправна застапеност на политичките субјекти и од власта и од опозицијата. Во посебните информативни емисии не смеат да учествуваат потврдени кандидати од страна на надлежните изборни органи.   Против медиумите кои нема да ја почитуваат изборната регулатива во периодот пред започнување на изборната кампања, ќе бидат покренати прекршочни постапки, согласно Изборниот законик.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker