Добивај вести на Viber
Телевизија Алфа доби дозвола да прекине со емитувањето преку сателит и дозвола за вршење радиодифузна дејност на национално ниво, соопшти Советот за радиодифузија.Инаку, уште од самиот почеток сигналот на Алфа ТВ е дигитален. Таа е една од телевизиите која процесот на дигитализација на телевискиот сигнал во Република Македонија го дочека подготвена.
Со ова ТВ Алфа, практично доаѓа на местото на концесијата која до пред две годинија ја имаше А1 Телевизија, која се дотогаш беше најгледана и најпопуларна телевизија во Македонија.
Во Алфа ТВ работат околу 150 луѓе од најразлични категории и како што објави телевизијата тие „ги остваруваат заложбите на менаџментот на телевизијата за најдобра телевизиска понуда на пазарот'.
За концесијата конкурирале и Канал 77 од Штип, кој медиум наместо концесија за работа на државно ниво доби укажување „да го усогласи работењето бидејќи е констатирана недозволена медиумска концентрација“.
Советот за радидофизија соопшти дека од 1 јуни кога во сила стапува дигиталниот пренос на телевизиската програма, 31 телевизија сигналот ќе го пренесува преку операторот „ОНЕ“, а останатите 30 преку кабелските.