Темите на телевизиите „како јајце на јајце“
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2018 16:44
За разлика од периодот од пред една година, разноликост во известувањето во вестите на најгледаните комерцијални телевизии и кај јавниот сервис постои, но таа денес, во услови на сменети политичко-општествени и медиумски услови, зависи од уредувачката политика на самите медиуми, нивната иницијативност и ангажираност во изборот и обработката на темите, како и од почитувањето на професионалните стандарди во чие средиште треба да биде јавниот интерес. Разноликоста во вестите на ТВ-каналите сè уште не претставува прашање на конкурентски натпревар во функција на јавниот интерес.
Ова е заклучокот од мониторингот на осум ТВ-канали – шест најгледани комерцијални телевизии и на двата канала на Јавниот сервис, што беше спроведен од 19 до 25 февруари 2018 година, од страна на Македонскиот институт за медиуми и Мировниот институт од Љубљана.
Мониторингот утврдува дека разликите биле најголеми во пристапот кон известувањето, што кај некои телевизии претставувал едноставно пренесување на информациите, а кај други коментаторско и субјективно толкување. Само на три телевизии бројот на прилози без позначителен новинарски ангажман бил под 50 отсто, а на МТВ 1 тој изнесувал над 90 отсто.
Наодите упатуваат на тоа дека без оглед на жанровските специфики, карактеристичниот пристап во известувањето за актуелните теми или бројот на прилози за сопствени теми, телевизиите покажале преголеми сличности во темите на кои им даваат приоритет. Сепак, бројот на прилози за теми што излегуваат од рамката на дневното известување е премногу мал. Така на пример, oд вкупно 796 анализирани прилози, само 56 (7%) се однесувале на теми што ги отвориле и разработиле самите редакции.
Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите




