05 Декември, 2025
0.1796

Температури и до -4, овошките да се заштитат

Објавено во: Агробизнис 20 Април, 2017 09:03

Добивај вести на Viber

Температурите, посебно утринските во наредните денови ќе се спуштат и до -4 степени, и тие може да бидат катастрофални за овошјето и виновата лоза, предупредуваат агрометеоролозите.

Посебно е критична сабота, кога се очекува да дојде до разведрување на територија на цела Македонија што, според нив, ќе значи и постудено време. Затоа препорачуваат преземање соодветни и навремени мерки за заштита.

„Промената на времето и студениот воздушен бран кој се очекува да ја зафати нашата територија од северо-исток во текот на утрешниот ден ќе придонесе за драстичен пад на температурите на воздухот, особено на утринските од петок до понеделник, кога на одделни места се очекуваат да бидат и негативни, особено во северо-источните, источните и северо-западните делови. Вакви температури, до минус четири степени, во овој период од развојот на земјоделските култури можат да имаат катастрофални последици врз културите и врз приносите“ - вели Ангелко Ангелески од УХМР.

И -0,5 степени може да предизвикаат штети кај овошките кои веќе имаат  формирано плод или кај овошките и виновата лоза кои во овој момент се во ниски фази на развој, почеток на вегетација и појава на првите листови и цветови.

„Мерките за заштита се веќе познати: третирање со препарати против мрзнење кои може да се користат и во денови кога има само неколку часа сончеви периоди, а се со продолжено дејство, класични методи на зачадување со палење растителни одпадоци или оросување со вештачки дожд доколку има инсталиран систем за наводнување додека температурите се негативни, околу два часа пред изгревање на сонцето и два часа потоа, додека не се постигнат позитивни температури“ - вели Ангелески.

За есенските посеви промената на времето не е критична, проблем може да има уште во градинарството, на отворено, или ако просторот не е добро заштитен кај покриените култури.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?