05 Декември, 2025
0.0325

Температури од минус 20 ќе им наштетат на овошките

Објавено во: Агробизнис 07 Јануари, 2019 14:11

Добивај вести на Viber

Доколку ниските температури продолжат, а според метеоролозите се најавува остра зима, повеќе со голомразица, сигурно дека ќе се одрази штетно на овошките. Затоа треба да се врши контрола на самите насади. Доколку се задржат овие температури повеќе од месец дена и истите се движат до минус 20 степен, сигурно ќе се одрази штетно врз овошните насади, изјави за МИА Неџбедин Мемедов, од Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството во Делчево.

Додава дека во тој случај доаѓа до измрзнување на овошките.

-Тоа најмногу ќе се покаже на пролет кога ќе дојде до дехидрација на цели стебла. Затоа за да нема вакви состојби, претходно ова може да се ублажи со солидна исхрана на овошките што треба да е подготвена во текот на есента со употреба на арско ѓубриво и минимална резидба. Но, резидба никако не треба да се прави кога температурата е екстремно ниска, туку треба да се следи временската состојба и спрема тоа да се постапува соодветно, вели агрономот Мемедов.

Засега студот не се очекува да предизвика проблеми кај житните култури. Како што велат агрономите на есенските житни посеви евентуална снежна покривка им е повеќе од потребна. Снег според прогнозите може да се очекува кон крајот на неделата.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?