18 Декември, 2025
0.0651

Температурите најпрво ќе се спуштат до зимски 2, за потоа да достигнат до 35 степени

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2022 17:23

Добивај вести на Viber

Meтeoрологот Славчо Попоски вели дека температурите најпрво ќе се спуштат до зимски 2, за потоа да достигнат до 35 степени. 

Утре ќе се задржи посвежото време, а особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од само 2 до 10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Исто така од утре до сабота времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а услови за попладневна локална нестабилност повторно ќе има во недела.

„Што се однесува до температурите, тие од петок па за време на викендот, повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре во нашата држава, и максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево. Температурите повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа особено за време на викендот. Максималните дневни температури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, вели Попоски. 

Наглите промени на температурите овие денови негативно ќе влијаат врз здравјето на луѓето. Затоа во случај на појава на позначителни здравствени проблеми кај метеопатите, истите задолжително да се пријават кај својот матичен лекар за совет, и секако да ги слушаат советите од истите.

Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција