ТЕНДЕР: Јанушев тврди дека МВР набавила двојно поскапи гуми, од Министерството велат - набавуваме нови гуми со гаранција и бесплатен сервис
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2021 14:25
МВР ја демантира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која изнесе свои тврдења за набавката на гуми за потребите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите што на денешната прес конференција ги изнесе Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ за набавката на гуми за потребите на МВР. За предметната постапка склучена е рамковна спогодба, со која на МВР му е овозможено да набавува пневматици со количини за кои има потреба, кога има потреба, во следниот период од три години. Постапката е поделена на четири дела, по видови возила и вкупно има 210 различни димензии и видови на пневматици. Во МВР последните години се води детална евиденција пред правење нарачка за нови пневматици, односно колку километри поминало возилото и временски кога се промениле гумите последен пат, за разлика од минатото кога се нарачувале гуми без никаква евиденција за потребите од истите и се делеле гуми по блискост на раководни лица со барателите“, пишуваат во демантот од Министерството.
Додаваат дека МВР за прв пат во тендерот предвидела гумите да се менуваат децентрализирано во сите сектори за внатрешни работи, а не, како што велат, како во минатото кога сите возила од цела држава мораа да доаѓаат во Скопје и да чекаат промена на една до две локации два пати годишно и да прават дополнителни трошоци.
„Во новата постапка се предвидува гумите да бидат произведени пред не повеќе од 12 месеци и бараме гаранција од 24 месеци, што претходно не било случај. Исто така, бараме и бесплатна промена сезонски за целиот период на гаранција. И покрај сите овие барања кои влијаат на цената, сепак избраниот понудувач има поднесено пониска понуда за два од вкупно три дела, каде што поднел понуда и претходниот понудувач.
За сите информации за било која јавна набавка МВР е достапно за информации за сите медиуми и граѓани. ВМРО-ДПМНЕ да престане со ширењето на лажни вести“, се вели во демантот од МВР.
А денеска ВМРО-ДПМНЕ преку Игор Јанушев тврдеше дека МВР на Оливер Спасовски, склучило договор, според кој, како што велат, „за една гума за возило ќе ја плаќа и двојно поскапо отколку што секој еден граѓанин би платил кога купува иста таква гума“.
„Вообичаено логиката кај тендерите и набавките на големо е цената која ја плаќа една институција да биде далеку помала од цената на истиот тој еден производ во малопродажба, но овде не само што цената не е помала, туку е двојно поголема“, изјави на денешната прес конференција, Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено со договорот тежок речиси 1,5 милиони евра, кој МВР го склучила со фирмата „Пнеуматик Груп“ ДОО Скопје, една гума со димензии 215/70 R 16 – 4X4 од брендот односно модел SAILUN ICE BLAZER ALPINE – EVO, МВР ја плаќа 8.700 денари без ДДВ, додека иста таква во продажба на мало чини само 3.660 денари. Еве и еден друг пример, гума со димензии 215/65 R16, од брендот односно модел SAVA ESKIMO HP2, МВР ќе ја плаќа 8.950 денари без ДДВ, додека иста таква гума секој еден граѓанин може да купи по цена од 4.065 денари. Ако тргнеме по логиката дека и специјализираните продавници и салони за автомобили имаат заработка при продажба на гумите за возила, тогаш доаѓаме до заклучок дека од набавката на МВР на Спасовски имаме 750.000 евра повеќе од нормалната заработувачка, односно пари кои државата непотребно ќе ги плати, а ќе завршат во нечиј џеб“, рече Јанушев.
Јанушев вели дека прашањето е каде треба да заврши разликата од 750.000 евра?
„МВР на Спасовски доколку работи според јавниот интерес, а не за личните интереси цени, ќе го применеле член 114, став 1, алинеја 4 од Законот за јавни набавки, во кој е наведено дека понудата се одбива како неприфатлива во случај да: -„Понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот”. Комисијата за јавни набавки на МВР претходно во друга постапка за истата ваква набавка, ја има поништено постапката со токму вакво образложение за повисоки цени, но за понуда поднесена од друга фирма. Во таа постапка, Комисијата има вршено истражување и анализи на цените на движењето на пазарот. Овој пат според информациите кои дојдоа до нас под притисок на помошник министерот Андријана Савеска Павловска, таква анализа не е направена. Фактите и информациите кои ги презентирав денес се доволен повод ЈО да отвори истрага и да го испита случајот. Не смее со пари на граѓаните да се плаќаат набавки двојно поскапи од пазарните цени. Ова е чист грабеж кој мора да се санкционира, а одговорните да одговараат“, рече тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




