20 Декември, 2025
0.0569

„Тенк“ ја расплака Јанкулоска, а Груевски ќе го пикне в затвор

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2018 13:23

Добивај вести на Viber

За поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Груевски одлуката на Апелацискиот суд да му ја потврди првостепената затворска пресуда за случајот „Тенк“ е „политички притисок и политички прогон“. 

„Единствено нешто што се промени од мојата прес-конференција во Собранието е што одложија за после референдумот наместо пред него“- изјави Груевски на паузата од денешеното рочиште за предметот „Титаник“ во Кривичниот суд, во кој  е обвинет.

Кажа дека засега не го добил решението и дека ќе ги искористи сите правни лекови кои му стојат на располагање.

Прашан дали може да се очекува да гласа во Собранието со цел да се спаси на некој начин од затвор, екс премиерот  Груевски изјавидека нема да ги поддржи уставните измени.

„Јас нема да го изневерам народот, народот си го кажа своето“- рече Груевски.

Апелацискиот суд денеска ја одби жалбата на Груевски на првостепената пресуда и му ја потврди казната од две години затвор за предметот „Тенк’ односно за набавката на луксузниот „мецедес“ вреден над 600 илјади евра.

Во мај годинава Груевски изјави дека ова е фабрикуван случај и дека нема никаков доказ против него. Тогаш рече дека генерации потомци ќе се чудат за што му се судело. 

Истрага за „Тенк“ СЈО отвори во јануари лани. 

„Во конкретниот случај, постои основано сомнение дека за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење јавни набавки, незаконски да повласти, односно да фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип“- соопштија лани од СЈО.

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска низ солзи во завршните зборови за случајот „Тенк“ пред два дена рече дека кај дел од судечкиот совет чиј претседател е судијката Добрила Кацарска постои пристрасност уште од самиот почеток на судскиот процес. Таа пред судот рече дека мора да се грижи за бебето кое има само 3 месеци. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки