19 Декември, 2025
0.0814

Тензично и насилно во зградата на ССМ - В.Д. претседателот нападнат, стариот не се дава

Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2017 13:58

Добивај вести на Viber

Во зградата на ССМ дојде до инцидент откако четирите гранкови сидникати кои дигнаа бунт и вчера направија обид да ја вратат контролата но, се соочија со приватно обезбедување ангажирано од Живко Митревски. 

Токму нивната намера да не ја напуштаат зградата довело и до физички судир, тие тврдат дека новоизбраниот претседател Дарко Димовски бил истепан и завршил на трауматологија, додека пак приватните обезбедувачи ја туркале и полицијата која била повикана да интервенира. 

Ова пак целосно го демантира сегашното раководство на ССМ кое не се откажува од власта и од неодамнешните избори на дел од синдикалците кои го посакуваат Димовски, а не Митревски за свој претседател.

„13-те грански синдикати и легитимно избраното раководство предводено од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, јасно го добија легитимитетот и со најновото решение од Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија, со кое се поништи претходното донесено Решение од поранешната техничка министерка, донесено врз основа на фалсификувани документи, донесено врз основа на незаконити и нестатутарни дејствија спротивни на Закон и Статутот на ССМ“, се вели во соопштението од ССМ.

Исто така покренати се и повеќе кривични пријави против групата предводена од Дарко Димовски, Пецо Грујовски, Живко Даневски и Пеце Ристески, за фалсификување на исправи, злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување, лажно претставување, за кои се отворени кривични постапки и истраги пред Основното јавно обвинителство, велат од ССМ и негираат дека некој бил претепан.

Инаку ваквиот епилог следува откако Министерството за труд и социјална политика синоќа соопшти дека го поништило решението со кое претседателот Живко Митревски е разрешен од функцијата, со што Митревски останува легитимен претседател на ССМ. Од четирите синдикати најавуваат дека ќе се огласат со соопштение. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки