ТЕНЗИИ ВО СИНИЧАНЕ: Спасовски контра обвинителката Кадриу која вели дека ги нарекол криминалци
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2020
Првиот човек на Владата, Оливер Спасовски ги отфрли тврдењата на обвинителката Лејла Кадриу која тврдеше дека телефонски искомуницирала со Спасовски, а тој ги нарекол жителите на Синичане и обвинителката криминалци.
Таму се создадоа тензии поради водоводот.
За ТВ21 Спасовски изјави дека на телефон му се јавила самата обвинителка, а тој и рекол дека нема потреба да се јавува кај премиерот и дека има главен обвинител со кого треба да зборува.
Спасовски вели дека ги поддржува жителите на Синичане за решавање на нивните проблеми, а додава дека ова решение ќе дојде во законски рамки, со потребната документација, проект и дозвола за изградба од страна на Општината.
„Владата е подготвена да помогне во се што е во интерес на граѓаните“, вели Спасовски.
ОЈО ќе ја истражува работата на тетовската обвинителка во случајот со водоводот во Синичане.
За вчерашните настани во селото Синичане, од полицијата велат дека постапувале согласно законот за да го обезбедат јавниот ред и мир.
„Заради тоа што некој сакал да направи бизнис со хидроцентрала, каде што граѓаните сакаат да имаат вода за пиење, нема да дозволиме некој да се одмазди на градоначалникот на Боговиње и на граѓаните на Синичане“, истакна денеска на прес-конференција лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
Рече дека ова треба да биде аларм за сите граѓани.Вели дека државата станува полициска и според него е скандалозно обвинителот да даде наредба на полицијата за да дозволи граѓаните во Боговиње да работат и да обезбедат вода за пиење, а тие и ден денеска по наредба на Агим Нухиу, министерот за внатрешните работи, уште седат таму, иако жителите на Синичане цела ноќ престојувале таму за да го бранат нивното право, доделено и од правосудството.
Мештаните пак на селото Урвич бараат заштита од државните институции за нивната безбедност како и да остане изворот Буновец за водоснабдување на нивното село, наместо намерата на општина Боговиње да го искористи за потребите на Синичане.
Веќе неколку дена полицајци се на самото место и не дозволуваат конфликт меѓу мештаните од двете села, откако општина Боговиње имаше намера да започне со градба на водоснабдителниот систем.
Во Урвич велат дека постои решение на проблемот, така што Синичане ќе користи друг извор за вода.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.