Добивај вести на Viber
Мобилни царински тимови во изминатите заплениле 160 штеки цигари, 1.512 метри квадратни теписи, 100 килограми препарати за добиток, 665 парчиња гелови за нокти, три комплети германски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, 80 парчиња облека со потпис на познати трговски марки, девизи и очила за сонце...
Како што објави Царинската управа при заплената спречени се бројни прекршочни дела, а од оваа институција ги споделуваат и локациите на откриените манипулации.
- Обидот за шверц на 160 штеки цигари е откриен при контрола на автобус кој сообраќал на релација Скопје – Истанбул – Скопје, на излез од државата на граничниот премин Деве Баир.
Н а граничниот премин Богородица мобилен царински тим при контрола на камион со мобилен скенер откри и спречи обид за нелегален внес на 100 килограми ветеринарни препарати и додатоци за исхрана за добиток.
При личен претрес на македонски државјанин, кој патувал со автобус за Берлин на излез од државата на граничен премин Табановце пронајдени се седум илјади евра, за кои не поседувал документ за потекло - укажуваат од Царинската служба.
Потоа додаваат дека при контрола на камион на влез во државата на граничниот премин Богородица откриени се осумдесет парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки кои се запленети поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост.
- Очила за сонце со вредност од околу 60 илјади денари, се пронајдени под предните седишта на минибус со македонски регистарски таблички, откако претходно биле забележани неправилности при контрола извршена со мобилен скенер.
Службата за мобилен скенер на граничен премин Богородица откри обид за криумчарење на мигранти, државјани на Сиера Леоне, Египет и Екваторска Гвинеја. Случајот е откриен при контрола на товарно возило со влекач со косовски регистарски таблички и приколка со македонски регистарски таблички.
На граничен премин Табановце откриени се 665 парчиња гел за нокти во кабина на камион на влез во државата. На граничниот премин Блаце мобилен тим откри три комплети германски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, пронајдени во внатрешните делови од јакните на тројца македонски државјани кои се пријавиле за излез од државата.
При контрола на стока со потекло од Турција наменета за фирма од Тетово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Тетово, мобилен тим откри 1.512 метри квадратни теписи, кои не биле опфатени со царинските документи - пишува во објавата на Царина.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/Царинска управа
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: