29 Септември, 2024
0.0251

Термин.мк со нова бесплатна услуга наменета за деловните корисници

Објавено во: Економија 09 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Termin.mk, иновативната интернет алатка за брза и ефикасна проверка и резервација на слободни термини продолжува со новите предизвици воведувајќи нова бесплатна услуга, овој пат наменета за деловните корисници. Покрај досегашните области за Свадба, Игротека и Спорт започнувајќи од Април 2015 година тимот на Termin.mk воведе и нов дел за онлајн проверка на слободни термини во локации кои организираат деловни настани. Ако немате идеа каде да го организирате Вашиот следен деловен настан, не можете да дојдете до посакуваниот термин во локациите за деловни настани или пак сакате една поинаква и оригинална конференција, конгрес или семинар, Termin.mk Ви нуди избор и решение. Новата област обезбедува организиран преглед до слободните термини во конференциските сали на хотелите, event просторите, конгресните центри, амфитеатрите, семинарските сали, рестораните и останатите локации низ цела Македонија кои организираат деловни настани. Истовремено, покрај информацијата за слободните термини, на корисниците им се на располагање и други корисни податоци за локациите како слики од локациите, форми на уредување на салите, капацитет за сместување, капацитет за деловен настан, цена, местоположба, дополнителна опрема. Како функционира Термин – Деловен настан?
  • Одбирате град во кој сакате да го организирате Вашиот следен деловен настан
  • Одбирате дали станува збор за еднодневен или повеќедневен настан
  • Го одбирате терминот (конкретна дата или периодот од неколку дена) за кој Ви е потребен простор
  • Ги добивате локациите со бараните расположливи слободни термини
  • Откако ќе го најдете соодветниот слободен термин во посакуваната локација и простор – преку уредна форма на mk испраќате барање за терминот директно до самата локација
  • Локацијата во најбрз можен рок одговара на Вашето испратено барање (рокот не е подолг од 24 часа)
  terminmk-delovni-nastani-vo-makedonija Во моментот понудата се состои од дваесеттина локации и тимот на Termin.mk активно работи на збогатување на истата со цел корисниците да го имаа изборот на најквалитетни локации за организирање на деловни настани во Македонија. Дополнително по принципот “се на едно место” наскоро на располагање Termin.mk ќе понуди и листа на субјекти кои нудат услуги поврзани со организирање на деловни настани како обезбедување техничка опрема, осветлување, преведувачи, кетеринг, рента-а-кар агенции и останато.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија