Термо изолационата иновација Термо Стоп обезбедува 30-50% заштеда на енергија
Објавено во: Мои пари 11 Јануари, 2017 14:28
Екстремно ниските температури неминовно ќе предизвикаат зголемени трошоци за загревање на просториите. Сметките за струја и парно, како и трошоците за огревно дрво можат значајно да се намалат доколку се постави ефикасна термо изолација. Македонската компанија Металотехника Прилеп, поддржана од Фондот за иновации на Р. Македонија создаде иновативен високо квалитетен термоизолационен производ „Термо Стоп” кој претставува вистинско изолационо чудo. Овој производ добиен е по Нанотехнологија изработен според најновите истражувања на врвни домашни експерти http://metalotehnika.mk/#
Станува збор за еколошки производ, чие производство не доведува до загадување на животната средина, а чија ефикасност ги надминува сите досегашни стандарди. Овозможува заштеда најмалку 30 - 50% од потрошувачката на енергија во објектите каде се поставува, во период од најмалку 15 години.
Иновацијата на Металотехника Прилеп, термоизолациониот материјал „Термо Стоп” претставува течна композиција на водена основа, која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, а во чија структура се вградени вакумирани керамички микро сфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен.
Видео https://www.youtube.com/watch?v=CniP7__Jpww
Се нанесува на метал, бетон, цигла и наскоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, топол воздух, канали за климатизација итн. Идеално за премачкување на резервоари за нафта и мазут. Се користи за фасадни зидови, но и за внатрешни ѕидови, како и за подови како основа пред нанесување подно греење. Може да има примена во станбени објекти, а подеднакво и во индустриски капацитети, а таму каде се поставува овој производ не се појавува кондензација или мувла. Еден до два милиметри дебели на нананесен слој од оваа изолација заменува 50-70 милиметри од класична изолација. Може да се нанесува и во период на зима, до температура не помала од+5 степени, за iinfo@metalotehnika.mk
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




