Терористички напад остави неколку делови од Турција без струја
Објавено во: Балкан 31 Март, 2015 14:25
Неколку реони во Турција се погодени од прекин на напојувањето по колапсот на електричната систем на земјата.
Струјата била прекината околу 10.40 часот утринава, кога без струја останаа неколку градови. Запрено е и метрото во Анкара и Истанбул.
Прекин на напојувањето исто така зафатија голем дел од интернет и телефонските врски во земјата, оставајќи ги луѓето целосно без контакт.
Тоа е најсериозниот проблем со кој се соочува Турција, во последните 15 години. Властите во моментов ја испитуваат можноста за терористички напад.
Премиерот Ахмет Давутоглу изјавил дека властите ги проверуваат сите можни причини, вклучувајќи ги и терористичките напади, за прекинот на струјата во Турција. Прекинот на струјата продолжува во неколку провинции, вклучувајќи го Истанбул и Анкара.
Властите информираат дека техничкиот проблем е во системот на турската компанија за електрична енергија, која е одговорна за пренос на електрична енергија, и ја доведе Турција до масовен прекин на струјата.
Најмалку 44 провинции низ цела Турција се погодени од падот на струјата.
Од своја страна министерот за енергија Танер Јилдиз изјавил дека екипите работат, за да ја утврдат причината за прекинот, со што се отфрлаат тврдењата дека земјата страда од недостиг на енергија.
„Не можам да кажам има или не сајбер напад“, посочил Јилдиз.
Давутоглу коментирал дека ќе се испитаат сите опции, вклучувајќи и терористички напад.
Метрополите во Истанбул објавиле дека метрото и трамваите биле запрени поради прекините на електрична енергија.
Министерство за енергетика, исто така се изјаснило, велејќи дека проблемот е поврзан со главните линии за пренос на енергија и прекинот најверојатно настанал пред Егејскиот регион.
Во западната провинција Кочаели, еден од индустриските центри на Турција, неколку претпријатија престанаа со работа утринава. Поголемиот дел од покраината е погодена од хаваријата.
Информациите на локалните власти за огромна експлозија во Кочаели не се потврдени.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




