Tessa Energy - новото поглавје во енергетиката
Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2025 11:44
Во рамки на групацијата Tessa Group започнува и ново поглавје во енергетиката под брендот – Tessa Energy. Овој чекор не е само промена на имиџот, туку пред се симбол на обединетост, визија и континуиран напредок.
Како енергетски столб на групацијата, Tessa Energy е посветена на создавање еколошки, ефикасни и економични решенија кои придонесуваат за подобар квалитет на живот и чиста животна средина.
Водечки “мотор” на Tessa Energy e Energy Ecolink, топланата која ги снабдува жителите на општините Чаир и Бутел, започнувајќи нова ера на енергетска стабилност, сигурност и одржлив развој во Скопје.
Оваа есен Energy Ecolink влезе целосно подготвена пред официјалниот старт на грејната сезона и на своите корисници им обезбеди сигурно и топло домување, затоа што топлината не е луксуз, туку секојдневна потреба во период кој им претстои. Компанијата е посветена на постојан развој и иновации за да одговори на потребите на пазарот и да ги надмине очекувањата на своите корисници.
Со новата инвестиција во вредност од над 2 милиони евра кои беа инвестирани во Tessa Energy, Скопје добива нова когенеративна гасна постројка за комбинирано производство на топлинска и електрична енергија. Проектот предвидува приклучување на опремата на гасоводната мрежа со која управува Energy Ecolink (поранешна Топлана Скопје Север АД Скопје).
Со оваа инвестиција се планира создавање на одржлив и еколошки извор на електрична енергија, како и проширување на постоечките капацитети, со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на услугата кон граѓаните, намалување на цената на топлинската енергија, и позитивно влијание врз намалување на загадувањето на воздухот во градот Скопје.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





