Добивај вести на Viber
Текстилната компанија Тетекс АД-Тетово изврши откуп на сопствени акции. Според известувањето на компанијата објавено на Македонската берза согласно Одлуката за стекнување на сопствени акции со откуп донесена на 27 април минатата година, на 19 февруари компанијата купи 546 сопствени акции по цена од 330 денари.
На крајот на минатата година текстилниот комбинат на два наврати во ноември информираше дека извршил откуп на сопствени акции и тоа на 6 ноември беа откупени 20 акции по цена од 310 денари, а 50 акции по истата цена се откупени три дена подоцна.