Добивај вести на Viber
Текстилниот комбинат „Тетекс“ АД-Тетово изврши откуп на сопствени акции. Според известувањето на компанијата објавено на Mакедонската берза, согласно Одлуката за стекнување на сопствени акции со откуп донесена на 27 април минатата година на 21 февруари компанијата докупи 21 сопствени акции по цена од 330 денари. Ова е втор пат во текот на една недела текстилната компанија да откупува сопствени акции. На 19 февруари тетекс откупи 546 сопствени акции исто така по цена од 330 денари.
На крајот на минатата година текстилниот комбинат на два наврати во ноември информираше дека извршил откуп на сопствени акции и тоа на 6 ноември беа откупени 20 акции по цена од 310 денари, а 50 акции по истата цена се откупени три дена подоцна.