06 Октомври, 2024
0.0247

„Тетекс“ втор пат годинава ќе подели дивиденда!

Објавено во: Економија 08 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Доколку акционерите го усвојат предлогот „Тетекс“ годинава ќе исплати 80 денари нето дивиденда што на последната пазарна цена на таа акција значи принос од фантастични 13,2 отсто! Најдобитен акционер убедливо е Глигорие Гоговски, последен претседател на владата на Социјалистичка Република Македонија, кој ќе добие вкупно 66.000 евра за неговите акции во „Тетекс“ „Тетекс“ од Тетово, најпознатиот македонски производител на текстил и конфекција, вторпат годинава ќе подели дивиденда на своите акционери. Ова е содржано во предлог одлуката за која ќе гласаат акционерите на таа компанија на 29 јули годинава. Одлуката предвидува „Тетекс“ од акумулирана добивка, остварена до крајот на 2008 година, да подели дивиденда во бруто износ од 13,8 милиони денари. Според предлог-одлуката секоја акција со право на глас во „Тетекс“ носи бруто дивиденда од 33,33 денари. Во нето износ секоја акција ќе носи 30 денари откако ќе се одбие данокот на добивка односно персоналецот кај физичките лица. Со оглед на акционерската структура во „Тетекс“ речиси целиот принос ќе го поделат граѓани на Македонија. Според официјалните податоци од Централниот депозитар на хартии од вредност „Тетекс“ има 1.282 акционери домашни физички лица кои поседуваат 93,7 отсто односно 388.125 акции. Тие ќе поделат околу 188.400 евра. Од тие пари околу 25.200 евра ќе земе најголемиот поединечен акционер – Глигорие Гоговски кој поседува 12,54 отсто од сите акции издадени од „Тетекс“. Според податоците од предлог одлуката што ќе се гласа кон крајот на овој месец, последен ден со право на дивиденда е 12 август што значи дека секој имател на акции во „Тетекс“ регистриран на тој ден во ЦДХВ е носител на правото и ќе добие дивиденда. „Тетекс“ веќе еднаш исплати дивиденда на своите акционери и тоа беше од нераспределената добивка која компанијата ја акумулирала до крајот на 2008 година. Доколку се реализира и оваа предлог одлука „Тетекс“ годинава својата нераспределена акумулирана добивка ќе ја намали за износ од  околу 450.000 евра колку што би биле исплатени како дивиденда на акционерите на компанијата.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта